[ФОТО] 121 година стар: Се продава најбрзиот автомобил од – 1903-та година

Точка

23/02/2024

23:22

9.428

Големина на фонт

а а а

Во светот се останати само пет. Имаат четирицилиндарски мотор од 9,23 литри со 60 коњски сили, но биле најбрзи автомобили во своето време.

Кон крајот на месецот на аукција ќе биде понуден своевремено револуционерниот „Mercedes 50 Simplex“, кој кога бил произведен во 1903-та година бил најбрз масовно произведен автомобил на светот. Сега внуката на првобитниот сопственик одлучила да го продаде.


Во светот се останати само пет. Имаат четирицилиндарски мотор од 9,23 литри со 60 коњски сили со четиристепен менувач. Кога бил нов, бил најбрз автомобил на светот, тогаш сосема рачно правен, со максимална брзина од 130 км/ч.

Сега, 121 година откако нејзиниот дедо, британски издавач и ентузијаст за мотоспортот Алфред Хемсворт го купил овој „Mercedes 60 Simplex“, внуката Елизабет Хемсворт одлучила да го продаде и „Gooding & Company“ ќе организира аукција Флорида на 29-ти февруари.


Хемсворт го купил „Simplex 60“ директно од дилер на „Mercedes“ во Франција.

Автомобилот учествувал во неколку трки кога бил нов, и победил на некои од нив. Иако по дефиниција не е тркачки автомобил, неговите задни седишта и задниот браник може да се отстранат, а неговата мала маса го правеле доволно подвижен.


Хемсворт починал во 1922-ра година, зад себе оставајќи прекрасно наследство и импресивна колекција на автомобили.

„Simplex“ го наследил неговиот 12-годишен син Алфред. Семејството добро го сочувало возилото, а во 1956-та година било изложено во Британскиот национален музеј на мотори.


Автомобилот првобитно е купен за 25.000 златни марки, што денеска е вредност од околу 200.000 евра. Аукциската куќа верува дека за возилото ќе добие најмалку 10 милиони долари.




Спонзорирани линкови

Маркетинг