[ВИДЕО/ФОТО] Новото лого на „McLaren“ крие приказна стара речиси еден век

Точка

23/09/2026

13:34

396

Големина на фонт

а а а

„McLaren“ најави нова ера: Ново лого, нова фабрика и првиот СУВ.

„McLaren“ влегува во нова фаза од своето работење со промена на корпоративниот идентитет.

Компанијата го претстави новиот изглед на својот натпис, кој постепено ќе биде воведен на идните автомобили, промотивните материјали и дигиталните канали.


Инспирацијата за новото лого е пронајдена на некогашна сервисна станица во Окленд, која била во сопственост на родителите на Брус Мекларен.

Токму таму тој го модифицирал „Austin Seven“ од 1929 година, со кој Брус стигнал до својата прва трка и победа на плажата Муриваи.


Новиот натпис користи специјално дизајниран фонт „McLaren Sans“. Сите букви се големи, а под буквата „C“ се наоѓа хоризонтална линија.

Новиот дизајн веќе се појави на моделот „McL 6GT“, додека „McLaren W1“ би можел да биде еден од последните нови модели со старото лого.


Компанијата го задржува препознатливото лого „Speedmark“, како и симболот „Speedy Kiwi“, кој потсетува на новозеландското потекло на основачот.

Променета е и палетата на бои, која сега ги опфаќа „Papaya“ портокаловата, „Ember“ црвено-портокаловата, „Midnight“ сината, црната, „Anthracite“, „Colnbrook“ сребрената и „Mist“ белата боја.


„McLaren“ го претстави новиот идентитет како спој на својата историја и иднината, додека истовремено најавува и проширување на работењето.

Компанијата планира изградба на втора фабрика во Велика Британија и преминување кон производство на мотори во сопствена режија, со инвестиција од околу 500 милиони фунти, односно околу 577 милиони евра.

Во претстојниот период ќе биде проширена и понудата на модели. „McLaren“ планира автомобили со мотор поставен напред и два реда седишта, вклучувајќи го и првиот СУВ во историјата на марката.

Новиот визуелен идентитет првпат беше најавен преку „McL 6GT“, суперавтомобил со централно поставен V8 мотор и мануелен менувач.

Неговиот дизајн е инспириран од тркачкиот модел „M6GT“, а новиот натпис „McLaren“ се наоѓа меѓу задните светла.