„На 20 години заминав во харемот на најголемиот светски трговец со оружје: Со крв ми пишуваше „Те сакам“ по телото, а во договорот потпишав дека може да ми прави што и да посака“

Точка

23/02/2024

13:37

28.050

Големина на фонт

а а а

Американската модна дизајнерка Џил Дод (58) првпат ѝ станала позната на пошироката јавност откако во осумдесеттите се откажала од сè и се преселила во харемот на контроверзниот арапски шеик Аднан Кашоги.

Денес таа е успешна деловна жена и основачка на познатиот бренд „Roxy“, а за својата врска со милионерот и трговец со оружје пишувала во нејзината книга „Currency of Love: A Brave Journey in Search of Love“ од 2017 година.

Џил Дод, која исто така е и мајка на три деца, сега во поткастот „60 minutes“ открила повеќе детали за животот во харемот. Како што раскажала, го запознала во раните осумдесетти на забава во Кан додека се занимавала со манекенство.


Тогаш имала 20 години и, по своето сопствено признание – била многу наивна. Веќе првата средба била обележана со многу чуден и бизарен детаљ. Шеикот ѝ се претставил така што се исекол и со сопствената крв на нејзината рака напишал „Те сакам“.

„Го кренав ракавот и тој ми напиша „Те сакам“. Бев шокирана. Помислив: „Боже, тоа е крв“, но истовремено мислев како тоа е слатко и духовито“, зборувала Џил.

Во времето кога се запознале, шеикот веќе бил оженет и имал пет деца, но имал право на 12 жени „за задоволство“ покрај неговата законска сопруга.


Набрзо Џил Дод станала дел од неговиот харем. Таа живеела во неговите луксузни одаи во Саудиска Арабија и чекала да дојде нејзиниот ред за сексуални односи со милијардерот.

„Никогаш не сметав дека сум ку*ва и сè уште не го мислам тоа“, продолжила Џил Дод, свесна дека во неверојатниот луксуз уживала благодарение на сексуалната врска со контроверзниот трговец со оружје.

Пред да ја започнат романсата, потпишале договор. „Сакам да се грижам за тебе и сакам да потпишам петгодишен договор со тебе. Ќе ти обезбедам сè што ќе посакаш, а ти ќе ми бидеш на услуга 24 часа на ден“, ги опишала неговите зборови.


Таа се согласила на неговите услови, а години подоцна заедно оделе на гламурозни забави со политичари и членови на кралски семејства, на кои неретко имало и дрога.

„Рекреативно користевме кокаин. Ќе се затворевме во соба со денови, водевме љубов, јадевме, а нашиот личен готвач ни носеше храна“, вели Џил додавајќи дека „верува дека била заљубена во него“.

Поради љубовта што ја чувствувала кон него, таа вели дека не жали за годините кои ги поминала како дел од неговиот харем.


„Беше прекрасно, едноставно се топевме заедно. Беше одличен љубовник, сè беше прекрасно“, додала таа.

Сепак, седум години подоцна, Џил донела одлука да го напушти харемот и целосно да го промени својот живот. Се омажила, родила три деца и основала популарен бренд од кој денес заработува, а често по тој прекар и ја препознаваат.


Нејзиниот контроверзен љубовник починал неколку дена по објавувањето на нејзината книга, на 81 годишна возраст.




Спонзорирани линкови

Маркетинг