[ВИДЕО/ ФОТО] „Abarth“ го претставува последниот од својот вид, неодоливиот „695 75° Anniversario“

Точка

15/02/2024

18:59

4.687

Големина на фонт

а а а

Ова е еден од оние автомобили поради кој многу луѓе да сакаат бензинците да се задржат што е можно подолго.

„Abarth“ дефинитивно преминува на електричен погон, но уште еднаш реши со еден иден класик да одбележи голема годишнина. Го слави својот 75-ти роденден, а по тој повод го претставува специјалниот „695“. Ќе бидат произведени само 1.368 примероци од овој неодолив спортски автомобил.

За разлика од својот претходник лансиран по повод 70-тиот роденден на брендот, ова издание не е толку радикално дизајнирано. Нема драстични продолжетоци и огромно крило, но има простор за соодветна иконографија, вклучувајќи голема кровна налепница, но и налепници со вкрстени клипови. Црната завршница и златните детали со особено истакнатите бандажи од 17 инчи изгледаат како совршена комбинација.


„Beats“ аудио систем

Моделот за годишнината добива и ексклузивни детали во кабината, вклучувајќи црна алкантара, амблеми и 7-инчен инфозабавен центар со „Beats“ систем.

Сепак, тоа што е важно е под хаубата, а тоа е моторот 1.4 T-Jet. Опремен со турбина „Garrett GT 1446“, произведува 180 коњски сили и 250 Nm. Тој е помал од претстојниот „600e Scorpionissime“, но не помалку привлечен. Забрзувањето до 100 km/h трае 6,7 секунди, а максималната брзина изнесува 225 km/h.


Градски тркач

Опремен со активен издув на „Record Monza“, сопирачки на „Brembo“ и амортизери „Koni FSD“, овој автомобил е еден од најдобрите градски тркачи од стар ков. Објавената цена е 37.900 евра.




Спонзорирани линкови

Маркетинг