15 правила на рускиот психолог за подобар и посреќен живот: „Желбата да се задоволи секому е сигурен пат кој води кон пропаст“

Точка

15/02/2024

17:20

6.876

Големина на фонт

а а а

Михаил Литвак е еден од најпознатите руски психолози на денешницата. Светска слава стекнал со книгата „Психолошко аикидо“. Неговата мудрост е лесно да се разбере и следи, а резултатите се неизбежни.

Денес се одлучивме да ви пренесеме 15 правила на овој мудар човек кои ќе ви помогнат животот да го направите подобар.

1. „Задолжително испланирајте ги своите постапки и добро организирајте го животот, а како резултат на тоа ќе следи среќа.“

2. „Ако навистина сакате нешто, не двоумете се и не барајте нечија дозвола за тоа. Во оваа ситуација, само вие сте важни.“

3. „Не се чувствувајте лошо ако некој е таму каде што сакате да бидете. Сè се случува токму кога треба.“


4. „Споделете ја радоста со пријателите и непријателите. Оние кои ве сакаат ќе бидат среќни, а другите ќе бидат вознемирени.“

5. Убаво е да разговараш со пријателот, а корисно со непријателот.“

6. „Кога човек нема цел, тој ништо не гледа јасно. Целта го изострува погледот на светот.“

7. Депресијата му е дадена на човекот за да може да размислува за себе.“

8. „Не ги потценувајте луѓето.“

9. „Научете да живеете за себе. Отфрлете го чувството на потреба постојано да се докажувате некому. Во спротивно, ќе го поминете животот живеејќи за другите.“


10. „Тргнете по вистинскиот пат, а не по лесниот.“

11. Не плашете се да разговарате со луѓето, особено со оние што штотуку сте ги запознале. Тие всушност можат да имаат позитивен ефект. Никогаш не знаете што можете да научите.“

12. „Сакате да знаете кој е вашиот најголем непријател? Погледни се во огледало. Победете го и другите ќе се покорат.“

13. „Среќата е производ на убаво организиран живот.“

14. „Ако сакаш да докажеш нешто некому, постоиш само за таа личност. Ако постоиш за себе, тогаш не треба никому ништо да докажуваш.“

15. „Не знам точно кој е патот до успехот, но знам дека патот до неуспехот е желбата да се задоволат сите.“



Спонзорирани линкови

Маркетинг