На Хари не му се пишува добро кога Вилијам еден ден ќе стане крал: Што ќе се случи со принцот? Ова се прогнозите

Точка

08/02/2024

17:27

7.387

Големина на фонт

а а а

Средбата на принцот Хари и кралот Чарлс Трети која се случи пред два дена во Кларенс хаус во Лондон, откако синот на британскиот монарх пристигна во Велика Британија, се опишува како комплексна.

Тој се вратил во Америка 24 часа подоцна. Неговото доаѓање се оценило како крајно позитивно, имало надеж дека ќе се смири со брат му Вилијам.

Поради тоа што тоа не се случило и тој не се задржал многу во својата татковина, експертите ја смениле приказната.

Се проценува дека принцот Хари, кога еден ден принцот Вилијам ќе стане крал, ќе биде исфрлен од семејството.


„Излези и затвори ја вратата“, тоа е очигледната порака на Бакингемската палата и тоа ќе се случи за време на владеењето на Вилијам, пишува „Daily Mail“.

Принцот Вилијам не посетил ниту една кралска резиденција ниту пак престојувал кај некои од своите пријатели, а ги има многу во Лондон.

Тој бил сместен во хотел во центарот на престолнината. Се оценува дека немал ниту друга опција, од онаа да се врати дома. „Постапките имаат свои последици“, се толкува сето тоа.

Се претпоставува дека ниту телефонски не се слушнал со својот брат Вилијам, а не му испратил ниту порака. Хари не ја посетил ниту Кејт Мидлтон, наведува „Daily Mail“. Принцезата од Велс на 16 јануари имала операција на абдоменот и закрепнува во Виндзор, а на своите должности ќе се врати после Велигден.


Вилијам вчера продолжил со своите ангажмани, заменувајќи го својот татко на церемонијата во Виндзор, а синоќа на гала хуманитарната вечер во Лондон се заблагодарил на поддршката и истакнал дека тоа е многу значајно.

Принцот Хари ја имал првата „официјална“ средба со кралот после смртта на кралицата Елизабета Втора во септември 2022 година. Неговата кратка посета на Лондон овојпат, е знак дека семејството повеќе не му верува.

Извор близок до Вилијам изјавил дека постариот брат не сака да се види со помладиот принц, а Џени Бонд истакнува дека принцот од Велс се откажал од својот брат.


Вилијам сака да ги држи под контрола деталите за здравствената состојба на својата сопруга за која Хари и Меган претходно не зборувале убави работи. Војвотката и војводата од Сасекс многу пати ја изневериле довербата и откриле семејни детали, што повеќе никој од дворецот не им верува.

Средбата на Хари и Чарлс траела 45 минути, Хари ја напуштил резиденцијата во 15 и 32, а кралот и Камила заминале за Сандригем во 15 и 38. Можеби ваквиот „тајминг“ ја иницира состојбата на монархот.