[ВИДЕО] Наводната љубовница на Дејвид Бекам: Сакам да ја почувствува болката што ми ја предизвика

Макфакс

01/04/2025

23:14

4.535

Големина на фонт

а а а

Ребека Лос повторно проговори за нејзината наводна афера со Дејвид Бекам. Таа во „60 Minutes Australia“ изјави дека отсекогаш ја кажувала вистината за наводната афера, за која се вели дека се случила на почетокот на 2000-тите.

„Мислам дека беше потребна голема храброст за да се спротивставам на нив (Дејвид и Викторија). Отсекогаш се држев до вистината, никогаш не сум претерувала, никогаш не сум лажела за ниту еден детал. Зошто? Затоа што се борам со најмоќната двојка во медиумите кои ги имаат сите пари на светот за најдобрите ПР експерти и адвокати, а единствено што јас имам е вистината“.

Таа истакна дека за сè првпат проговорила во 2004 година, бидејќи сметала дека е „подобро овие приказни да потекнуваат од неа“.

„Тоа беше речиси начин да му се одмаздам… начинот на кој се однесуваше со мене не беше воопшто фер, се извлекуваше со се, водеше двоен живот. Знаев колку му значи неговиот имиџ. Сакав и тој да почувствува малку болка“, додала таа, нагласувајќи дека и е жал за Викторија.


Аферата наводно се случила додека Бекам настапувал за шпанскиот клуб Реал Мадрид. Поранешниот модел во едно интервју во 2004 година тврдеше дека имале афера зад грбот на неговата сопруга Викторија, но фудбалерот негираше и продолжи со животот.