[ФОТО] „Жешката“ актерка позирала во базен – 1,5 милиони лајкови за само 1 час

Точка

28/03/2025

08:35

8.846

Големина на фонт

а а а

Откако почнаа да кружат гласини дека ја откажала својата венчавка, Сидни Свини се огласи на Инстаграм. Но таа не се осврна на гласините за венчавката, туку објави подводни снимки од базен кои воодушевија милиони нејзини следбеници, и за само еден час оваа нејзина објава се здоби со милион и пол лајкови.

„Да види што изгубил?“


„Подобра од сирена“, „Каде е тој базен за да одам веднаш?“, „Ти си вистинска сирена“, напишале нејзините воодушевени следбеници. Некои се прашуваат дали оваа објава на актерката била порака до нејзиниот несуден вереник: „Да види што изгубил?“, коментираа некои од нејзините следбеници. Меѓутоа Сидни не се огласи во врска со ова.

Ја откажала венчавката?

Потсетуваме, Свини (27) и нејзиниот свршеник Џонатан Давино (41) ја откажале својата венчавка бидејќи се соочуваат со „големи проблеми во врската“, изјавил извор за „Us Weekly“. „Сидни и Џонатан имаат големи проблеми, но сè уште целосно не раскинале“, рекол изворот во средата. „Моментално нештата не се баш најдобри, но сè уште не се откажуваат. Работат на својата врска, но засега ја откажаа венчавката“, додал тој.


Изворот исто така кажал дека сите планови за венчавката престанале и дека „повеќе не разговараат за тоа“. Свини и Давино, кои ја започнале врската во 2018 година, требаше да се венчаат оваа пролет. „Сидни сакаше да откаже сè и не можеше да се справи со стресот“, споделил изворот. Наводно причината била кариерата.