На социјалните мрежи кружат снимки од Џастин Бибер кога пејачот се снимил во живо на Инстаграм, а неговото однесување уште еднаш ги загрижи фановите.
Бибер на своите следбеници на Инстаграм им пуштал демо снимки од нови песни, а клиповите од неговиот Инстаграм лајв го преплавија Х и другите социјални мрежи. На снимките, Бибер не носи маица, очите му делуваат вдлабнато и изгледа ослабено додека пуштал музика и се нишал. Погледнете го видеото.
Во еден момент пејачот дури ставил и ќебе преку глава, а поради загрижувачкото однесување многумина коментирале дека изгледал како да користел дрога.
„Потребна му е помош“
„Ова е загрижувачко. Се надевам дека ќе добие стручна помош“, „Ова е многу тажно“, „Тој не е добро и тоа е толку очигледно“ и „Се надевам дека ќе добие помош… ова не е во ред“ и „Му треба помош“, беа само дел од коментарите на обожавателите.
Набргу по лајвот на Инстаграм, профил на Бибер беше деактивиран, но моментално е повторно активен. Пејачот веќе некое време ги загрижува обожавателите со неговиот изглед и однесување. На почетокот од март, тој објави фотографии на кои се гледа како пуши од нешто што изгледа како бонг додека седи на електричен велосипед, а неодамна изјавил дека има „проблеми со гнев“ и дека не се сака себеси кога чувствува дека станува „неавтентичен“.