Полицијата упаднала во куќата на познатата актерка: Со лисици ја однеле во затвор

Точка

31/03/2025

13:52

6.042

Големина на фонт

а а а

Холивудската актерка Ким Дилејни, најпозната по улогата во серијата „Њујоршките сини“ (NYPD Blue), е уапсена во саботата наутро.

Драмата започнала околу 10 часот кога полицијата била повикана во нејзиниот дом во Лос Анџелес поради кавга во семејството во која учествувале таа и нејзиниот партнер Џејмс Морган.

Како што открил извор за Ти-ем-зет, двајцата влегле во жестока расправија која од вербална прераснала во физичка пресметка.

Покрај полицијата, повикана била и брза помош за да се утврди дали се повредени Ким (63) и Џон.

Откако и двајцата биле прегледани, полицијата им ставила лисици на рацете и ги одвела во затвор.

Ким се товари за кривично дело „напад кој би можел да нанесе сериозни телесни повреди“. Морган е обвинет за семејно насилство.


Иронија на судбината е тоа што Ким се прослави со улогата на детективката Дајан Расел, која во во 1997 година ѝ донесе награда Еми за најдобра споредна женска улога во драмска серија.

Ким оствари забележителни улоги и во сериите „CSI Miami“, „Philli“, „Army Wives“ и во сапуницата „All My Children“.


Ова не е нејзино прво соочување со законот во приватниот живот – во 2002 година беше уапсена за возење во пијана состојба во Малибу, а во 2024 година беше тужена од мотоциклист, бидејќи наводно побегнала од местото на несреќата во Лос Анџелес.