Адвокатката Амал Клуни стекнала голема слава по венчавката со Џорџ Клуни, но и нејзината сестра јавноста добро ја познава.
Прекрасната адвокатка за човекови права и сопруга на Џорџ Клуни, Амал Клуни, по игра на судбината станала и модна икона и жена која стекнала голема слава со изборот на својот животен партнер.
Нејзините успеси во кариерата и тоа како се фалени, Амал воедно станала и некој чие секое движење го интересира јавноста.
Амал Клуни е родена во Бејрут, во Либан, а пораснала со браќата Зијад и Самер, родителите Рамзи и Барија, како и помладата сестра Тала Аламудин.
Иако е поврзана со целото семејство, сепак Тала е нешто посебно за неа, па во 2014 година на својата венчавка ја избрала за кума.
Која е Тала Аламудин?
Како и Амал и Тала е родена во Бејрут во 1980 година, но семејството поради воените конфликти се преселило во Англија. И Амал и Тала се школувале во Ричмонд на американскиот национален Универзитет во Лондон каде дипломирала во1995 година.
За разлика од Амал која се пронашла во правото, Тала се одлучила за модата. Откако во Њујорк работела како „event“ менаџер, Тала во 2017 година го лансирала својот бренд „Totally Tala“.
Таа се венчала за бизнисменот Наги Ханиех, па потоа се преселила во Сингапур каде живее и денес. Откако во 2016 година се развела од сопругот, мајката на четири деца се омажила за италијанскиот бизнисмен Ник ле Талека.
Своето прво дете го родила во 2002 година, а потоа била задолжена да фрла ливчиња од цветови на венчавката на Амал и Џорџ.
Тала неколку години подоцна родила близнаци, додека полот и датумот на раѓањето на четвртото дете останало тајна.
Таа, како мајка и сестра е голема хуманитарка.
„Мојот сон е сите жени да можат да живеат како што сакаат, без граници на културни стереотипи и самоограничени уверувања со пристап на ресурси, можности и средства да ја прегрнат самодовербата и да бидат најдоброто што можат“, изјавила Тала.