„Разговарав со Мајкл пред два дена, знаев дека не е добро“: Пријателот на Мајкл Медсен се огласи по неговата смрт

Точка

04/07/2025

20:38

766

Големина на фонт

а а а

Долгогодишниот пријател и асистент Даги Смит изјави дека актерот Мајкл Медсен бил во добра здравствена состојба, а истото го потврдиле и лекарите само неколку дена пред неговата ненадејна смрт.

Тој за „ТМЗ“ изјави дека ѕвездата од „Убиј го Бил“ во петокот имал рутинска посета во болница за да го провери неговото рамо, поточно повреда, која ја добил откако паднал од коњ пред околу две години. Мајкл размислувал за операција, но поради неговиот зафатен распоред, засега одлучил да го прицврсти рамото со протеза.


По падот, Мајкл доживеал и мал мозочен удар, па затоа направил ПЕТ скенирање за да се увери дека сè е во ред – и според неговиот асистент, лекарите потврдиле дека е во добра здравствена состојба.

Затоа, како што вели Даги, смртта на Медсен била шок за неговото семејство и пријателите.

„Изгледаше како да е во најдобрата форма што ја имал во последната година“, рече тој.

Смит, исто така, рече дека тој бил оној што го пронашол Мајкл мртов во четврток наутро. Не можел да го добие цел ден во средата, па затоа одлучил да го посети, а откако влегол во неговиот дом го нашол во креветот околу 8:30 часот наутро.


Последен пат разговараа во вторник навечер, а Дуги вели дека Медсен звучел одлично и со нетрпение го очекувал претстојниот настан „Комик-Кон“ во Нешвил.