Принцезата од Велс е толку голем вљубеник во најстариот тениски турнир во светот што не го пропушти ниту минатата година, кога се држеше подалеку од јавниот живот додека се бореше со ракот.
Овогодишниот Вимблдон започна минатата недела, а почнувајќи од оваа недела ќе ги видиме најдобрите тенисери на планетата, вклучувајќи го и Новак Ѓоковиќ.
Исто така, тоа ќе биде можност јавноста повторно да ја види Кејт Мидлтон, сопругата на принцот Вилијам, која не се појавува толку често како порано, но сепак постепено се враќа на своите должности по минатогодишната борба со ракот.
Кетрин, принцезата од Велс, е покровител на бројни добротворни организации во Британија на кои е посветена, а една од нејзините кралски должности во која особено ужива е покровителство на Вимблдон.
Зошто Кејт Мидлтон е редовна гостинка на Вимблдон?
Дури и во 2024 година, кога половина година се држела подалеку од јавниот живот, таа не го пропуштила Вимблдон. Покрај тоа, најстариот тениски турнир во светот беше само нејзино второ појавување среде третманот.
Британското кралско семејство има голема почит кон Вимблдон, а нивниот однос со тенисот датира одамна. Кралот Хенри VIII бил првиот член на семејството кој покажал интерес за овој спорт, а во подоцнежните векови бил важен за Круната.
Кралот Џорџ V и кралицата Мери биле првите членови на кралското семејство кои присуствувале на турнирот, уште во 1907 година, пред да дојдат на престолот, а потоа и во 1910 година. Тогашниот адвокат на клубот Вимблдон, Џорџ Хилард, го замолил кралот да ја преземе улогата на претседател на Ол Ингланд Клубот за да им ги додели трофеите на победниците и ова бил почеток на традиција која продолжува до ден-денес.
Оттогаш, членовите на кралското семејство се покровители на Вимблдон, а од 2016 година тоа е Кејт Мидлтон, тогаш војвотката од Кембриџ. Оваа улога ѝ ја додели кралицата Елизабета II, која присуствувала на турнирот само четири пати бидејќи беше поголем љубител на коњичките спортови.
Меѓутоа, Кејт е голема обожавателка на тенисот!
Зошто Кејт Мидлтон не присуствувала на натпреварот помеѓу Ѓоковиќ и Мареј во 2013 година на Вимблдон?
Првпат присуствувала сама во 2007 година, а официјално присуствувала како член на кралското семејство со принцот Вилијам на 27 јуни 2011 година, кога го следела натпреварот помеѓу Рафаел Надал и Хуан Мартин дел Потро.
Меѓутоа во 2013 година го пропуштила едното од најголемите задоволства во кралскиот живот, кога лекарите ѝ наредиле да не го гледа натпреварот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј.
„Бев во напредна фаза од бременоста“ изјави принцезата од Велс во еден документарец.
Тоа беше натпреварот кој му припадна на Мареј, кој донесе многу радост во Велика Британија, а Кејт рече дека подоцна му пишала на шкотскиот тенисер за да му се извини што не била таму да го бодри против Србинот.
„Бев бремена и не можев да бидам таму… Дали тоа е добра причина? Да, е, но сепак ми е жал. Им кажав на лекарите дека можам да отидам, на што тие рекоа – ни случајно“ раскажа принцезата.
За Кејт Мидлтон, Вимблдон е семеен настан
Кејт често доаѓала на турнирот придружувана од нејзините родители Керол и Мајкл Мидлтон, како и од нејзината сестра Пипа, која редовно навива на Вимблдон.
Нејзиниот син принцот Џорџ и ќерката принцезата Шарлот понекогаш се со неа, додека најмладото дете на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, принцот Луис, сè уште не ја посетил кралската ложа на Ол Ингланд Клубот.
Сепак, неговата мајка рече дека најмладиот принц од Велс е голем љубител на тенисот и сака да се преправа дека е собирач на топки, така што најверојатно набргу ќе го видиме на Вимблдон.