Барон Трамп, најмладиот син на американскиот претседател Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп, наводно е вљубен.
Според американските медиуми, 19-годишниот Барон, кој неодамна ја заврши својата прва година од студиите на престижниот универзитет во Њујорк, бил виден како поминува многу време со мистериозна девојка, објавува „Дејли мејл“.
Иако сè уште не е познато која е избраничката на младиот Трамп, кој ретко се појавува во јавноста од страна на медиумите, извор близок до семејството открил дека станува збор за „навистина фина девојка“.
„Барон има навистина фина девојка и тие се гледаат често“, рекол изворот.
Интересно е што и покрај тоа што сè уште е под постојан надзор на Тајната служба, што е вообичаено за членовите на американското претседателско семејство, Барон е слободен да излегува и да се гледа со девојки.
„Тајната служба точно знае како да го организира тоа. Секој што тврди дека нивното присуство би го спречило во тоа, греши“, додаде политички инсајдер за „Пипл“.
Доколку гласините се точни, ова би можела да биде првата јавно позната врска на Барон Трамп. „Дејли меил“ контактираше со претставници на семејството Трамп за коментар, но сè уште нема официјална потврда.
Патем, во октомври 2024 година, Доналд Трамп зборуваше за приватниот живот на својот најмлад син во редок момент на искреност во подкастот „PBD“ со водителот Патрик Бет-Дејвид. Кога еден новинар го праша дали Барон имал девојка, американскиот претседател одговори: „Не мислам дека имал девојка. Не мислам дека имал… Споменува нешто одвреме-навреме…“, рече Трамп, без да ја заврши својата мисла, но додаде: „Изгледа многу добро“, осврнувајќи се на својот син, кој е висок 206 сантиметри.
Но, љубовниот живот не е единствената интересна работа кај најмладиот Трамп. Според неодамнешните информации, Барон веќе би можел да има богатство проценето на дури 40 милиони долари. Имено, тој учествува во семејниот крипто потфат, компанијата „Ворлд либерти фајненшал“, која неговиот татко ја основал заедно со неговите тројца постари синови – Доналд Џуниор, Ерик и Барон.
Компанијата веќе продаде токени во вредност од над 550 милиони долари, а според медиумските извештаи, Барон е еден од најголемите победници во целата зделка. Се вели дека секој од синовите поседува 7,5 отсто удел во компанијата. Многумина го припишуваат успехот на проектот на Барон, кого Трамп го нарекува „крипто мозокот на семејството“.
„Барон е млад, но знае сè за тоа. Има четири дигитални паричници. Го прашав: ‘Што е паричник воопшто?’“, рече Трамп во едно интервју.
Доналд Трамп не е мрзлив кога станува збор за приходите. Според финансискиот извештај од 234 страници објавен минатата година, американскиот претседател заработил повеќе од 57 милиони долари само од криптовалути. Тој, исто така, заработил милиони од разни производи што ги продава под својот бренд – од позлатени чевли, луксузни часовници и колекционерски книги до електрични гитари.