Сиа Кејт Изобел Фурлер, позната како Сиа, создава глобални хитови, полни концертни сали и добива музички награди, но сето тоа без да го открие своето лице.
Оваа австралиска пејачка, композиторка и продуцентка ја донела една од најрадикалните одлуки во светот на поп музиката, свесно да ја избегне славата.
Сиа носи големи, впечатливи перики кои ѝ го кријат лицето. Како што објаснила своевремено во емисијата на Елен Деџенерис, периките ѝ овозможуваат да ја зачува приватноста и анонимноста, а воедно даваат и доза мистерија во нејзините настапи.
Сепак, поради Ким Кардашијан направила исклучок, а неодамна еден тиктокер ја препознал на улица и ја снимил, па го обелоденил нејзиното лице во јавноста.
Кога нешто ќе стане толку вирално, тешко може да ја криете анонимноста иако на Сиа тоа со години ѝ успевало.
„Кога отидов во продавница без перика да купам црево, никој не ме препозна иако мојата песна свиреше на радио. Тогаш знаев дека експериментот успеал“, изјавила Сиа во едно интервју.
Како изгледа Сиа?
Сиа има руса коса и сини очи. Постојат фотографии од нејзините претходни денови, а таа свесно ги избегнувала јавните настапи без маска или перика.
Пред спомнатиот тиктокер да ја фотографира на улица, во 2022 година самоиницијативно направила исклучок, на божиќната забава на семејството Кардашијан кога настапувала со Норт Вест, без перика, со пуштена коса и откриено лице.
Приватниот живот и потекло
Сиа е родена во јужна Австралија. Татко ѝ е музичарот Фил Клсон, а мајка ѝ Леона Фурлер, професорка по историја на уметност.
Интересно е тоа што нејзиниот чичко бил познатиот актер и пејач Кевин Колсон.
Милиони, но во сенка
Нејзината нето вредност се проценува на 25 милиони долари, благодарение на успехот на албумот „1000 Forms of Fear“ и „This Is Acting“.
Дел од нејзините песни влегле во историјата и се нашле на реномираните музички листи, освоила и четири Греми номинации, вклучувајќи: видео на годината, песна на годината, најдобар соло настап и најдобро музичко видео.
Покрај своите песни, Сиа е автор на големи хитови на други изведувачи, меѓу кои и „Diamonds“ на Ријана.