Од Акапулко до Атина, речиси и да нема држава на овој свет, а да во неа не се наоѓа барем еден човек од нашите простори.
За тоа најмногу говори името на оваа пекарница во Сингапур, во која веруваме, сите Балканци со ентузијазам доаѓаат, а чија фотографија осамнала и на социјалните мрежи во Србија.
Извесен младич од Сингапур, на српскиот дел од форумот „Редит“ споделил неколку фотографии направени пред и внатре во кафулето на пекарницата која го носи називот „Југославија“.
Како што подоцна се покажало, таа е во сопственост на брачен пар од нашата земја, кои живеат и работат во Сингапур веќе 18 години.
Came across a Yugoslavian pastry shop here in Singapore.
byu/WetworkOrange inYugoslavia
Набргу по објавувањето на фотографиите, тој се огласил со уште една објава, овојпат со зборовите колку пријатно бил изненаден кога ја видел пекарницата. „Како Сингапурец, бев пријатно изненаден со ова. Не го очекував. Растев во 90-тите и отсекогаш сум бил фасциниран од многу работи поврзани со Југославија. Печивата исто така беа вкусни“, напишал тој.
По неколку прашања од луѓе од Балканот, тој напишал како би сакал да ги запознае сопствениците, како и тоа дека освен со Босанците во Малезија, немал многу контакт со храната од нашите поднебја на азиската територија.
„Беше многу пријатно, повеќе отколку што опишав, имам намера да ги побарам сопствениците и да дознаам повеќе за нивното минато. Овде немаме многу луѓе од Балканот, освен Босанци во соседна Малезија“, навел тој.
„Југославија“ во Сингапур ја чуваат Македонци
Набрзо следел одговорот од каде „Југославија“ во Сингапур. Имено, пекарницата ја држи брачен пар од Македонија, Митар и Катерина Крајоски.
Како што откриле во интервју за порталот „8days“ минатата година, заедно со двете деца живеат и работат во Сингапур, а пекарницата се родила од љубовта на Катерина кон подготвувањето храна.
Митар работи како комерцијален пилот на Боинг 777 за компанијата „Singapore Airlines“. Како што открил, пред 18 години се преселил во Сингапур поради прилично интересна причина. Потоа како пилот кадет, го завршил своето образование и си обезбедил работа во националната авиокомпанија токму кога Југославија се распаѓала како држава.
Подоцна летал за „SilkAir“, непостоечката регионална подружница на „Singapore Airlines“ пред да прејде на неговата сегашна функција.
Во меѓувреме, Катерина дипломирала економија на УКИМ.
„Таа ми рече дека не сака да работи во канцеларија. Нејзината страст беше пекарството, па одлучивме да отвориме пекарница“, зборувал Митар, кој помагал на сопругата во нивното кафуле секогаш кога не летал“.
Понудата во нивното кафуле-пекарница не заостанува многу на понудата на која сме навикнати на овие простори. Имено, покрај бурек, кифлички, бухтла, сендвичи, традиционални балкански слатки, а служат и јогурт со печивото.














