Едноставно, сведено и женствено издание на познатата манекенка кое може да ви послужи како модна инспирација за секоја свечена прилика.
Американската манекенка Ешли Греам била една од познатите дами на отворањето на новата продавница на њујоршката Петта авенија, а за оваа прилика таа носела стајлинг по вкусот на модните сладокусци.
Славната убавица, најпознатата во категоријата плус сајз манекенки, избрала да носи вистинска елеганција, но во комбинација со едноставност ги истакнала своите атрибути во прв план.
Во изданието на прв поглед инспирирано од стилот на Одри Хепберн во филмот „Појадок кај Тифани“, Ешли изгледала божествено во ретро црниот фустан. Нејзиниот избор бил миди фустан без ракави, со затворен околувратник и со набрана ткаенина во пределот на градите.
Станува збор за класичен мал црн фустан којшто ја нагласува фигурата на тело на Ешли и ги истакнува сите облини, а манекенката целиот стајлинг го надополнила со сатенски ракавици и накит со Сваровски кристали.
Малиот, црн фустан – модел со кој нема грешка
Елегантните, црни фустани главно се поврзуваат со Коко Шанел, која во 1926 година во магазинот „Vogue“ ги објавила. Имала фустани со долги и кратки ракави, истите биле украсени со низа бисери и наречени „Шанелов Форд“ што би значело дека фустанот би бил достапен за припадниците на сите сталежи.
„Ја наметнав црната боја и денес е моќна поради тоа што црната брише сѐ наоколу“, изјавила подоцна Коко Шанел.