„Wikipedia“ ги објави 25-те најгледани страници во 2023-та година! Прв е „ChatGPT“

Точка

07/12/2023

15:02

5.640

Големина на фонт

а а а

Повеќејазичната интернет енциклопедија „Wikipedia“ објави листа од 25 страници кои најмногу пати биле прегледани и навела дека на првите три места се наоѓаат „ChatGPT“, Опенхајмер и забава во Индија.

Листата покажала дека расте интересот на луѓето за иновациите, вештачката интелигенција, како и за луѓе кои починале оваа година, пренесува „ChatGPT“.

Според податоците, „Wikipedia“ која ја води непрофитната фондација „Wikimedia“ досега во 2023-та година имала повеќе од 84 милијарди прегледи на страницата, од кои „ChatGPT“ е на првото место со 49,4 милиони прегледи.


„Јасно е дека луѓето сакале подобро да ја разберат историјата и контекстот кои стојат зад „ChatGPT“ технологијата додека експериментирале со неа“, рекла Ануша Аликан, директорка за комуникации при фондацијата „Wikimedia“.

Како што се наведува, публиката во Индија и Југоисточна Азија извршила големо влијание на листата во 2023-та година, бидејќи петтина од листата ја сочинувале медиуми од тој регион и од самата Индија.


Меѓу најгледаните 25 страници, освен „ChatGPT“, се нашле и починатите во 2023-та, Опенхајмер, Светско првенство во крикет, Индиска премиер лига, индиските филмови Јаван и Патан, Тејлор Свифт, филмот Барби, Кристијано Роналдо, Лионел Меси, Премиер Лига, Метју Пери, САД, Илон Маск.

На листата се и филмот Аватар, Индија, Лиза Мери Присли, Чуварите на галаксијата, руската инвазија на Украина и Ендру Тејт.




Спонзорирани линкови

Маркетинг