Некои гејмери велат дека „GTA VI“ е премногу „woke“ за нив: „Па нема ниеден белец“

Точка

06/12/2023

22:56

8.443

Големина на фонт

а а а

По една година чекање, фановите конечно добија прв поглед на „GTA VI“ во трејлерот кој во првите 24 часа имаше 67 милиони прегледи. И додека повеќето реакции биле прилично позитивни, некои се бесни што во главната улога е жена, а се шират гласини дека Луциа е транс. Освен тоа, им пречат и црните ликови.

„Ова е теорија за замена на белците“, гласен еден смешен коментар под трејлерот, додека друг напишал: „Во овој трејлер нема ниеден белец. Големо изненадување“. На „X“ еден корисник ги споил снимките со црни карактери и напишал: „Многу е темно“.

Оваа реакција е и малку изненадувачка со оглед на тоа дека во Мајами Гарденс, населбата во Мајами на која е базиран Вајс Сити, 66 проценти од населението е црно, додека 30,8 проценти се Латиноамериканци.

Исто така, платформата „X“ е преплавена од реакции на кои се исмејуваат и критичарите, кои не можат да се носат со реалистичните елементи на играта.

Што ни открива трејлерот?

Како што веќе со години се „шушка“, од трејлерот може да се заклучи дека во главната улога ќе играме со девојка. Тука има и момче, со кое, како што се чини, исто така ќе може да се игра. Во краткиот трејлер е потврдено дека се враќаме во окружението на легендарниот Вајс Сити.

За приказната малку се знае. Од овие минута и пол може да се заклучи дека ќе играме со девојка која излегува од затвор и со нејзиното момче. Кои се тие всушност и зошто се занимаваат со криминални активности, ќе мора да почекаме за да дознаеме.