Научниците предупредуваат: Совети за користење на лекови немојте да барате од вештачката интелигенција

Точка

06/12/2023

15:51

6.650

Големина на фонт

а а а

Во случај на проблеми со здравјето, не барајте решение на „Google“ или од „ChatGPT“, туку јавете му се на својот лекар.

Со претставувањето на „ChatGPT“ започна еден нов период за вештачката интелигенција. Оваа технологија се покажа како многу корисна во бројни индустрии, до таа мерка што многумина веќе стравуваат дека ќе им ја земе работата, а едно од полињата во кои „AI“ се покажа како прилично успешна е и – медицината. Додека „ChatGPT“ се покажа како поуспешен и од некои студенти во решавањето на испити, други „AI“ алати покажале дека се одлични во дијагнози на основа на рендгенски снимки.


И покрај тоа, треба да се има на ум дека, кога станува збор за медицински услуги и совети, за нив треба да разговарате со професионалци од крв и месо, односно доктори, а не со алгоритми. На тоа претходно предупредувале и од „OpenAI“ чиј „AI“ алат не е приспособен за давање на прецизни медицински информации и дека „ChatGPT“ никако не смее да се користи како замена за лекарски совети во случај на некакви здравствени проблеми. Никогаш не би требало да ги користите нашите модели за пружање на дијагнози или лекување на сериозни медицински состојби, стои во правилата за користење на „ChatGPT“.

Иако тоа им е јасно на сите, многумина и натаму користат „AI“ алати, како и „Google“, за на основа на одредени симптоми да дознаат од што боледуваат и каква терапија да користат. А зошто тоа никако не е добро покажува и последното истражување на фармацевтите од универзитетот Лонг Ајленд.


Тие со „ChatGPT“ разговарале за лекови и начини на нивно користење, а вештачката интелигенција на само 10 од 39 поставени прашања дала задоволувачки одговор. Што се однесува до останатите 29 прашања, одговорите немале врска со прашањето или биле нецелосни, односно целосно неточни. Сара Гросман, научничка која учествувала во ова истражување ги предупредила сите пациенти, како и сите во здравствениот систем да бидат внимателни околу користењето на „ChatGPT“ како извор за информации поврзани со медицината.

Таа посебно нагласила едно прашање за влијанието на комбинирање на два одредени лекови. Според „ChatGPT“, не се пријавени никакви нуспојави и последици од комбинирање на тие лекови, но тоа не е точно.