[ФОТО] Познатата актерка пропаѓа пред очите на целиот свет и никој не сака да ѝ помогне: Живее буквално на улица...

Точка

06/12/2023

09:17

17.996

Големина на фонт

а а а

Некои верувале дека животната ситуација на актерката Лони Вилсон ќе се смени откако низ годините се објавувале нејзини фотографии кои го покажуваат животот на актерката на улица.

За жал, тоа не се случило. Фотографиите забележани вчера во Лос Анџелес се пример дека нејзината сага и натаму трае.

Нејзината приказна е една од многуте. Голем број луѓе ширум светот живеат без кров над глава, многумина и не ги забележуваат, речиси се невидливи за општеството додека секојдневно се борат со незамисливите проблеми.


Актерката Лони Вилсон со години живее на улица, одвај преживува, а храна или она што личи на храна го наоѓа во контејнерите.

Не така одамна нејзиниот живот бил целосно поразличен. По болниот пресврт нема никакви промени. Приказната за неа е видлива во целиот свет, па сепак се чини дека многумина не ни ја забележуваат, барем не на оној вистинскиот начин.

Одредени пријатели на Лони Вилсон се огласувале низ годините, кажале дека сакаат да ѝ помогнат на поранешната актерка. Фотографиите наведуваат на заклучок дека таква помош очигледно немало досега.


Самата Вилсон во една прилика кажала дека не ѝ треба никаква помош односно дека целосно добро се снаоѓа сама. Јасно е дека не е така и сигурно има начини да се допре до неа и да ѝ се даде поддршка. Тажно е сето тоа што ѝ се случило и тажно е што нема луѓе кои сакаат и можат да ја извадат од оваа ситуација.

Лони Вилсон претходно била и кралица на модните писти, работела како модел за бикини, уживала во популарноста и богатството.


Таа била венчана за Џереми Џексон и важела за една од најатрактивните жени на светот. Подоцна влегла во замката на зависноста од наркотици.

Лони пред десеттина години се развела од Џереми со којшто се венчала во 2012 година. За нејзиното дно придонело и губењето на работата во клиниката за пластична хирургија каде била вработена како асистент, кратко работела и како трговец со недвижнини, но не добивала никаква плата од тоа.

Погледнете како изгледала Лони претходно:




Спонзорирани линкови

Маркетинг