[ВИДЕО] Норвежанец го собори светскиот рекорд во опасен скок, глетката е застрашувачка

Точка

05/12/2023

16:45

6.783

Големина на фонт

а а а

Норвежанецот Кен Сторнс го собори Гинисовиот светски рекорд во таканаречениот „смртоносен скок“, а видеото од својот подвиг го споделил со своите 600.000 следбеници на Инстаграм.

Кен го соборил светскиот рекорд за највисок смртоносен скок, скокајќи во заледено море од висина од 40,5 метри. На снимката се гледа како тој прво фрла камен во морето, а потоа набрзо и самиот скокнува од карпата со раширени раце, со стомакот свртен кон морето токму како што налагаат правилата на оваа опасна дисциплина.

„Како си останал жив? Ова е како да си удрил во бетон“, му напишал еден следбеник, а друг се надоврзал: „Дали ова болеше? Сериозно прашувам“.

Норвежаните го држат рекордот

Инаку, смртоносниот скок е облик на екстремно скокање во слободен стил кој во 1972 година го измислил Норвежанецот Ерлинг Бруно Ховден, гитарист кој загинал во сообраќајна несреќа. Норвешка има уште една титула за највисок смртоносен скок и тоа во женска категорија.

Норвежанката Асбјорг Несје го постави рекордот од 30,5 метри.