Последните децении се најтопли во историјата: „Ќе има се помалку вода за пиење, а се повеќе поплави“

Точка

05/12/2023

21:18

16.522

Големина на фонт

а а а

Ледниците годишно се намалуваат просечно за еден метар што е „без преседан“. Тоа значи дека на милиони луѓе во светот ќе им биде достапно се помалку свежа и питка вода, а ниските крајбрежни подрачја ќе се соочат со поплави.

Децениите позади нас се најтопли во историјата, а ги одбележаа топењата на поларниот и планинскиот мраз и растот на новото на морето кој е побрз отколку во 20-тиот век, објавила Светската метеоролошка организација (WMO).

Ледниците се намалуваат за еден метар годишно, температурите растат

Ледниците просечно годишно се намалуваат за еден метар што е без преседан, а антарктичката континентална ледена покривка изгубила речиси 75 проценти повеќе мраз меѓу 2011-та и 2020-та отколку меѓу 2001-ва и 2010-та.

Тоа значи дека на милиони луѓе во светот ќе им биде достапно се помалку свежа и питка вода, а ниските крајбрежни подрачја ќе се соочуваат со поплави поради почестите и поголеми плими.

Глобалните стакленички гасови продолжуваат да растат и покрај краткиот пад за време на пандемијата на коронавирус, при што, од 1990-та година секоја деценија е потопла од претходната, предупредува „WMO“ и додава дека меѓу 2011-та и 2020-та година просечната глобална температура изнесувала 1,1 Целзиусов степен над прединдустриските нивоа.


Најтопли години минатата деценија биле 2016-та и 2020-та година, а шесте најтопли години се евидентирани во период од 2015-та до 2020-та.

„Секоја деценија од 1990-та била потопла од претходната и не забележуваме знаци на промена на овој тренд“, рекол главниот секретар на „WMO“, професорот Петри Таалас.

„Рекордно високи температури пријавиле повеќе земји отколку во било која друга деценија. Нашите океани се загреваат се побрзо, а стапката на раст на нивото на морето речиси се дуплирала за помалку од една генерација. Ја губиме трката во настојувањето да ги спасиме ледниците кои се топат“, предупредува тој.

Албедо ефект

Арктикот се загрева побрзо од било кое друго подрачје на Земјата бидејќи темните површини на океанот апсорбираат повеќе сончева енергија, наместо да ја рефлектираат назад во вселената благодарение на белите површини на морски мраз во рамките на процесот познат како Албедо ефект.

Албедо е физикална големина која го опишува одразувањето на светлината од површината на телата кои не светат, соодносот на текот на зрачењето на одразената светлина кон текот на зрачењето на светлината која паднала на телото. Сосема бело тело ја одразува цела светлина и има албедо еднаков на еден, а апсолутно црно тело не одразува ништо и има албедо еднаков на нула. Мерната единица албедо е број еден.

Топењето на гренландсакта ледена покривка предизвикало раст на нивото на морето по годишна стапка од 4,5 милиметри во последната деценија, во споредба со 2,9 милиметри годишно меѓу 2001-ва и 2010-та година.


(Единствена) добра вест

Единствената добра вест е дека дупките во озонската обвивка над Антарктикот се намалила во однос на претходните две децении и дека се подобрени составите за рано предупредување на катастрофи, што резултирало со помал број на повредни и загинати.

Земјите се обврзаа да го сопрат растот на просечните глобални температури за 1,5 степени Целзиусови во однос на прединдустриското ниво. Поради тоа нивните претставници се состанале во Дубаи на климатскиот самит на ОН „COP28“ за да проценат колкав напредок е постигнат.

Да не се дозволи климатските промени да излезат од контрола

„Мораме да ја намалиме емисијата на стакленички гасови. Тоа е приоритет за опстанокот на нашата планета бидејќи само така можеме да ги спречиме климатските промени да излезат од контрола. Нашите временски услови стануваат се поекстремни и со јасно влијание на социо-економскиот развој“, вели Таалас.

„Суши, топлински бранови, поплави, тропски циклони и шумски пожар ја оштетуваат инфраструктурата, ги уништуваат земјоделските приноси, ги ограничуваат резервите на вода и ги поттикнуваат луѓето на масовно раселување. Бројни истражувања покажуваат дека опасноста од големите горештини значајно е зголемена во последните десет години“, предупреди Таалас.