[ФОТО] Ирина Шајк позираше во разголено издание, а фотографиите предизвикаа бурни реакции: „Сите зумиравте?“

Точка

04/12/2023

23:01

8.544

Големина на фонт

а а а

Ирина Шајк, една од најпознатите и најуспешните манекенки во светот, своите фанови ги почести со серија разголени фотографии.

Познатата манекенка позираше во минијатурен градник и жолто мини здолниште.

Најголемо внимание привлече четвртата фотографија на која манекенката направила необична поза.

Иако објавата за само два часа собра речиси 200.000 лајкови, негативните коментари под фотографијата не изостанаа.


Не знам…. Навистина мислам дека некои од тие фотографии не се потребни. Вие сте една од најубавите жени на светот, но тоа не значи дека сè ви прилега добро. Те молам, не го губи стилот“, „Дали ова требаше да биде модна фотографија? Едноставно е вулгарно“, „Зошто четврта фотографија“, „Згодна жена и секогаш кога ќе налетам на глупава фотографија на нејзиниот профил... Ниту естетика, ниту убавина. Прашањето е зошто?“, „Дали сите зумираа на четвртата фотографија? Малку е неочекувано“, се дел од илјадниците коментари.


Инаку, оваа 37-годишна манекенка е една од најплатените во светот, но од неодамна често се соочува со критики за несоодветна и вулгарна облека.



Спонзорирани линкови

Маркетинг