Сакате ли да го овековечите своето име во вселената? Сега имате можност за тоа

Точка

04/12/2023

11:32

5.243

Големина на фонт

а а а

Леталото на НАСА, „Europa Clipper“ наскоро ќе тргне на епско патување до сателитот Европа на Јупитер, за да открие дали постојат траги на живот на тој леден џин.

Како што истакнуваат од НАСА, мисијата ќе им помогне на научниците подобро да го разберат астробиолошкиот потенцијал за настанување на светови како Земјата.

Но, иако ова првенствено е научна мисија, НАСА одлучила и на јавноста да и даде можност да остави своја трага. Ги повикале сите заинтересирани да се пријават во проектот „Порака во шише“ и така своето име да го запишат на микрочип кој биде вграден во леталото. Станува збор за силиконски микрочип со големина на монета од едно евро, а секоја линија од текст ќе биде голема само 75 нанометри. Во превод, помала од една илјадинка од човекова коса.

Досега се пријавиле повеќе од 450.000 луѓе, а сè уште има време за пријавување.

Освен имињата на сите кои се пријавиле на официјалната страница до 31-ви декември 2023-та година, кој Јупитер и Европа ќе тргне и песна која ја напишала американската писателка Ада Лимон.

Самата песна ќе биде изгравирана на леталото, а заедно со микрочипот со изгравираните имиња на пријавените лица, ќе патува речиси 2,9 милијарди километри до сателитот Европа. Во план е леталото „Europa Clipper“ да биде лансирано од вселенскиот центар „Кенеди“ во ноември 2024-та, а до Јупитер би требало да пристигне до 2030-та.




Спонзорирани линкови

Маркетинг