[ВИДЕО] На „HBO“ се враќа еден од најголемите телевизиски хитови, погледнете го првиот тизер

Точка

04/12/2023

10:44

2.612

Големина на фонт

а а а

„HBO Max“ го објави првиот тизер за долгоочекуваната втора сезона на популарната серија „House of the Dragon“, за која повеќе фанови напишаа дека успешно му парира на својот претходник „Game of Thrones“.

Тизерот го погледнале повеќе од 2 милиони луѓе во рок од 13 часа.

Втората сезона на хит-серијата на „HBO“ ќе го прикаже почетокот на крвавата војна помеѓу престолонаследничката Раенира Таргариен и нејзиниот помлад полубрат Егон II Таргариен.

„Ниту една војна не е толку омразена за боговите како војната меѓу роднините“, вели Раенира во тизерот. Нејзината тетка и сојузник Ренис Таргариен додава: „Ниту една војна не е покрвава од војната меѓу змејови“.

Актерската екипа на новата сезона ја сочинуваат главните и споредните актери кои веќе ги видовме во првата сезона - Мет Смит, Оливија Кук, Ема Дарси, Ив Бест, Стив Тусан, Фабиен Френкел, Јуан Мичел, Том Глин-Карни, Соноја Мизуно, Рис Ифанс, Хари Колет, Бетани Антониа, Фиби Кембел, Фиа Сабан, Џеферсон Хол и Метју Нидам.

Ним им се придружуваат Том Тејлор, Клинтон Либерти, Џејми Кена, Киеран Бју, Том Бенет, Винсент Реган, Абубакар Салим, Гејл Ранкин, Фреди Фокс и Сајмон Расел Бил.


„House of the Dragon“ е адаптација на романот „Fire & Blood“, напишан од Џорџ Р.Р. Мартин. Романот е приквел на познатиот серијал на Мартин „A Song of Ice and Fire“, на кој се базираше серијата „Game of Thrones“.

Мартин е исто така еден од креаторите и извршните продуценти на серијата заедно со Рајан Кондал, Сара Хес, Алан Тејлор, Мелиса Бернштајн, Кевин де ла Ној, Лони Перистере и Винс Џерардис.

Втората сезона на „House of the Dragon“ ќе можеме да ја гледаме следното лето.



Спонзорирани линкови

Маркетинг