[ФОТО] Принцот Вилијам со својот потег ја изненадил шведската принцеза: Не знаела како да се однесува, а фотографиите од нивната средба го обиколија светот

Точка

02/12/2023

16:10

8.625

Големина на фонт

а а а

Во екот на новите скандали, секој потег на членовите од кралското семејство се следи.

Меѓутоа, нив тоа не ги засега, барем тоа не го покажуваат во јавноста, исполнувајќи ги сите должности кои им се наоѓаат во календарот.

А, меѓу нив спаѓа и средбата со идната шведска кралица, принцезата Викторија и нејзиниот сопруг, принцот Даниел кои стигнале во посета на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам.


Нивното дружење траело во текот на целиот ден, а тоа што принцот Вилијам го направил кога ги угостувал за кратко време станало тема број еден на интернет.

Имено, кога пристигнале во Бакингемската палата, Вилијам срдечно ја прегрнал и бакнал принцезата Викторија, што за неа било големо изненадување, а дека тоа не го очекувала ја издале нејзините движења на тело со кои покажала дека не знае што да направи.


Членовите од кралските семејства вообичаено своите гости ги поздравуваат со ракување, а зошто кон принцезата Викторија тоа не било така, не знаеме.

Викторија така се поздравила и со Кејт Мидлтон, а истата ситуација се случила и подоцна во текот на вечерта кога заедно пристигнале на претставата во „Royal Alber Hall“ каде на скалите пред стотици фанови и папарацо фотографите го направиле истото.


Да ве потсетиме, Кејт и Вилијам деновиве се во центар на внимание откако новинарот Омид Скоби објави книга за нив со наслов „Endgame“, а во која ги оцрнил Кејт и кралот Чарлс дека расистички говореле за тоа каква ќе биде бојата на кожа на децата на принцот Хари и Меган Маркл.

Бакингемската палата оваа ситуација не сака да ја коментира, а се чини дека нив сето ова премногу не се вознемирува.




Спонзорирани линкови

Маркетинг