Оваа епизода од „Friends“ му била омилена на Метју Пери: „Тоа беше првпат кога сфатив дека ова навистина функционира“

Точка

02/12/2023

09:10

3.075

Големина на фонт

а а а

Во едно од неговите бројни интервјуа, покојниот Метју Пери открил и зошто од сите 236 снимени епизоди, омилена му била една епизода од првата сезона на „Friends“.

Во текот на десетте сезони, колку што се снимаше хит серијата, беа емитувани дури 236 епизоди во кои популарната шесторка даде сè од себе одредени сцени да бидат навистина незаборавни.


Метју Пери, односно неговиот лик Чендлер Бинг, беше особено имагинативен и ја смееше екипата и пред и зад камерите, а многу од неговите култни реплики и денес се помнат.

Сепак, омилена од сите му била една епизода од првата сезона, која беше речиси лишена од неговиот добропознат хумор.


Станува збор за епизодата „The One with the Blackout“ во која ликот на Пери, Чендлер Бинг, се заглавува во фоајето на банкоматот со моделот на Викторија Сикрет, Џил Гудејкер, во моментот кога во целиот град сменува струја.

„Најинтересното нешто во таа епизода е што не зборував многу. Главно имаше снимен глас. Снимивме однапред што треба да кажам и јас всушност само требаше да реагирам“, изјавил Метју Пери за „Entertainment Weekly“ во 2004 година.


„Да се разбереме: Џил Гудејкер е згодна, па не беше толку тешко“, изјавил тој во таа прилика, додавајќи: „Се сеќавам дека ја исплукав гумата за џвакање и се залепи за ѕидот. Мојот избор беше само да останам замрзнат од страв и срам... Она што беше прекрасно во врска со таа вечер беше тоа што исто така можев да ги гледам останатите три четвртини од епизодата од страна во која пет одлични актери завршија неверојатна работа. Тоа беше првпат кога сфатив дека ова навистина функционира“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг