[ВИДЕО] Некогаш беше секс симбол, но нејзиното последно појавување ја згрози јавноста: „Уништена е“

Точка

01/12/2023

21:31

6.463

Големина на фонт

а а а

Дениз Ричардс се појави во последната епизода од шоуто „Real Housewives of Beverly Hills“, а нејзиното однесување предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.

Имено, Дениз го напушти шоуто пред 3 години, но сега се врати за да присуствува на вечерата со сегашните и поранешните „домаќинки“.

По пристигнувањето во куќата на Кајл Ричардс, Ерика Џејн ѝ пришла на актерката и ја прашала дали таа и остатокот од екипата ќе пробаат јадења во кои има ТХЦ.

"Не сакам да ги јадам тие нешта. Пушев трева двапати во животот и доста ми е. Нема да кажам со кого го направив тоа", рекла Дениз, гледајќи директно во камерата и намигнувајќи.

За време на вечерата, актерката постојано правела чудни гримаси, ненадејни движења и зборувала бавно и нејасно.

Луѓето на интернет коментираат дека Ричардс, која важеше за една од најубавите актерки на светот, денес изгледа непрепознатливо и дека ваквото однесување воопшто не ѝ прилега.

„Ја сакам Дениз, но таа е толку скршена“, „Можеби не е напушена, но дефинитивно е на нешто“, „Таа е уништена“, „Изгледа дека Дениз имала приватна забава пред ова“, се само дел од коментарите на платформата „X“.

Актерката се појави во 9-та и 10-та сезона на „Real Housewives of Beverly Hills“ пред да го напушти шоуто во 2020 година, по кавгата со нејзината долгогодишна пријателка Лиса Рина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг