[ВИДЕО] По речиси 10 години Џенифер Лопез објавува нов музички албум: „Најискрен и најличен досега“

Точка

01/12/2023

17:16

2.108

Големина на фонт

а а а

По речиси 10 години, поп-ѕвездата Џенифер Лопез објавува нов албум кој ќе го носи насловот „This Is Me...Now“, а истиот ден, 16-ти февруари 2024 година, ќе биде прикажан и придружниот музички филм, објави пејачката на својот Инстаграм профил.

Режисер на филмот е Дејв Мејерс, а според најавите за медиумите, истиот е „екстравагантна визуелна и звуковна гозба со импресивна кореографија, костими и бројни ѕвезди во камео улоги“.

Лопез го најави албумот во ноември 2022 година, кога ја објави листата на песни, вклучувајќи ја и „Dear Ben Pt. II“. Песната е посветена на нејзиниот сопруг, актерот Бен Афлек, со кој ја обнови врската по години разделба и се венчаа во јули.

Новиот албум кој е претставен „како најискрен и најличен“, всушност е приказна за љубовите на Џеј Ло која досега има издадено 8 студиски албуми, еден ремикс, 3 компилациски албуми, еден со музика од филмови, 65 синглови, 5 песни за хуманитарни цели и 12 за промотивни цели.

Џеј Ло има продадено повеќе од 80 милиони плочи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг