[ФОТО] Со месеци имал неподносливи главоболки, почнал да го губи и видот: Лекарите останале вчудоневидени кога ја пронашле причината: „Од каде се појави ова?!“

Точка

29/11/2023

19:40

7.502

Големина на фонт

а а а

Откако пет месеци страдал од силни главоболки, течење на носот и губење на видот, извесен Виетнамец итно бил пренесен во болница.

Докторите таму го прашале 35-годишниот маж дали знае што би можело да ги предизвика неговите симптоми, но тој не можел да се сети на логично објаснување или причина.

Вработените во болницата во градот Донг Хои му направиле КТ скен на главата и откриле бизарен проблем. Откриле дека мажот боледува од тензичен пневмоцефалус, необичен, но опасен по живот неврохируршки итен случај предизвикан од траума на главата, но медицинските вештаци пронашле и скршени стапчиња за јадење кои низ носот на пациентот се забиле и во неговиот череп.


„Метро“ пишува дека неговото семејство рекле дека стапчињата за јадење најверојатно му поминале низ носот за време на тепачката во која учествувал пред пет месеци.

Тогаш бил повреден и пренесен во болница, но никој во тој момент не ги пронашол стапчињата, а не биле пријавени ниту абнормалности со неговиот нос.

Пациентот останал збунет кога лекарите ги пронашле стапчињата за јадење. Тој изјавил дека не се сеќава што точно се случило во таа тепачка, но мисли дека нешто му било прободено во лицето.


Сега знае дека некој му заглавил стапчиња за јадење во носот после таа тепачка.


Лекарите ги отстраниле стапчињата со ендоскопска операција. Пациентот сега е стабилен, но останува во болница како би закрепнал. Д-р Нгујен Ван Ман, шеф на одделот за неврохирургија, соопштил дека станува збор за исклучително редок случај.




Спонзорирани линкови

Маркетинг