[ВИДЕО] Објавен нов трејлер за приквелот на „La Casa de Papel“: Се враќаат некои познати ликови

Точка

29/11/2023

13:50

2.548

Големина на фонт

а а а

„Netflix“ премиерно го прикажа целосниот трејлер за серијата „Berlin“, приквел на шпанската криминалистичка серија „La Casa de Papel“ или „Money Heist“ која претходно ги освои гледачите.

На чекањето на фановите на „La Casa de Papel“ конечно му дојде крајот бидејќи „Netflix“ го претстави првиот детален трејлер за приквел серијата „Berlin“ која го следи ликот на Андрес де Фонолоса (Педро Алонсо), попознат по кодното име Берлин.

Иако веќе видовме делови од неговиот талент за планирање грабежи во оригиналната серија, овој конкретен грабеж се случува во Париз и тој планира да го земе својот следен плен од најголемата и најпрестижната аукциска куќа во француската престолнина.

Планира да го постигне тоа со тимот во кој се вклучени Кеила (Мишел Џенер), Камерон (Бегоња Варгас), Дамиан (Тристан Улоа), Брус (Џоел Санчез) и Рои (Хулио Пења). Покрај тоа, се чини дека брилијантните полициски детективи Алисија Сиера (Најва Нимри) и Ракел Муриљо (Ицијар Итуњо) - исто така познати лица од оригиналната серија - се повикани од Шпанија да го спречат грабежот - веројатно поради нивните силни преговарачки вештини.

Приказната ќе се одвива во годините пред најголемиот грабеж што Шпанија некогаш го видела, проширувајќи се на флешбековите видени во подоцнежните сезони од оригиналната серија.


Креаторот Алекс Пина претходно го опиша како „патување низ златното доба на ликот кога тој лудо заљубен ограбува по Европа“ - имено грабеж на скапоцен камен во вредност од 44 милиони долари.

„Berlin“ би требало да биде премиерно прикажана на стриминг сервисот на 29-ти декември.