Серијата инспирирана од наградуваниот роман, е новиот хит на Нетфликс, а веќе три недели е во топ 10

Точка

27/11/2023

10:31

3.368

Големина на фонт

а а а

Серијата на Нетфликс „All the Light We Cannot See“ трета недела по ред е на листата на најгледани, а судејќи по коментарите на социјалните мрежи, гледачите се воодушевени.

Серијата има рејтинг од 7,6 на „IMDb“ и 71 процент на „Rotten Tomatoes“, а позитивните коментари на социјалните мрежи не застануваат.

Заплетот ја следи приказната за Мари-Лор, слепа девојка од Франција и Вернер, германски војник, чии патишта се вкрстуваат во окупирана Франција додека и двајцата се обидуваат да го преживеат уништувањето од Втората светска војна.

Мини-серијалот е заснован на бестселерот на Ентони Доер, добитник на Пулицерова награда.

Главните улоги во серијата ги толкуваат познатите актери Марк Рафало и Хју Лори, што е уште една причина поради која гледачите се вљубени во серијата.

„Проклето одлично. Главните улоги ги толкуваат Хју Лори и Марк Рафало. Дејството се одвива за време на Втората светска војна и вклучува нацисти и слепа Французинка“, е еден од коментарите на оние кои се воодушевени од серијата.

„Ја гледам „All the Light We Cannot See“ на Нетфликс и досега е филмско ремек-дело. Апсолутно неверојатен квалитет на продукцијата“, „Ја гледам оваа прекрасна серија на Нетфликс наречена „All the Light We Cannot See“. Визуелно е прекрасна досега. А музиката е она што навистина ме привлече. Фантастична актерска екипа - ми се допаѓа Хју Лори. Многу е убав“, напишаа други.