Откријте го совршениот таблет дизајниран да го носите со вас насекаде!

Точка

24/11/2023

22:58

6.357

Големина на фонт

а а а

Таблетот отсекогаш бил идеалниот уред кој можеме да го носиме со себе постојано кога сме во движење или кога патуваме. Неговите предности како што се мултифункционалноста, леснотијата при носењето, погодноста за работа на кое било место, придонесуваат таблетот да биде прв избор на многумина, како за нивните бизнис потреби, така и во моментите на одмор и забава.

Затоа, доколку сте од оние кои им даваат приоритет на таблетите, ви ги предлагаме новите Samsung Galaxy таблети кои ќе ви го овозможат потребниот дигитален простор било кога и било каде, воедно исполнувајќи ги вашите очекувања за перформансите и за елегантниот и модерен дизајн на овие уреди.

Galaxy Tab A9 таблети за извонредно корисничко искуство преку комбинација на забава и продуктивност

Моделите Galaxy Tab A9 и Galaxy Tab A9+ се совршен пример за извонредно видео и аудио со хипербрза конекција, кој беспрекорно ќе се вклопи во вашето секојдневие исполнето со забава или продуктивност. Погодни за креирање презентации, одговарање на е-пошта, гледање филмови и серии, уживање во омилената плејлиста, но и за складирање на незаборавни моменти, уредите од серијата Galaxy Tab A9 ќе ви бидат идеален сојузник во извршување на многубројни активности, потпирајќи се на исклучителните перформанси и брзина, и на досега најголемите екрани од било која претходна Galaxy Tab A серија со димензии од 8,7 инчи и 11 инчи. Истото важи и за вградената меморија и просторот за складирање податоци, поради што зачувувањето на вашите документи, извори на инспирација, спомени др., нема да биде никаков проблем. Galaxy Tab A9 и Galaxy Tab A9+ ви ја овозможуваат забавата на голем, светол екран. Дури и кога сте надвор на сонце, светот во вашите омилени содржини изгледа волшебно привлечен.

Со Galaxy Tab A9+ ќе уживате во кино искуство благодарение на стапката на освежување од 90 Hz – за гејминг и скролање без доцнење – како и извонреден звук со Quad звучници базирани на технологијата Dolby Atmos, кои обезбедуваат целосно извонредно искуство. Без разлика дали уживате во филм или музика, со Galaxy Tab A9+ целосно ќе ви пружи 3D звук со волшебна јасност и длабочина. Исто така, со хипербрзата 5G конекција, нема потреба да се грижите за опаѓање на преносот додека сте во движење. Од друга страна, моделот Galaxy Tab A9 има двојни звучници и LTE поврзување. Обата модели на таблети можат да се пофалат со тенок и префинет дизајн, аа можете да оберете мегу графитна, сребрена и темносина боја кои дополнително го истакнуваат шармот на овие уреди.

Galaxy Tab S9 FE таблети кои максимално ќе ја инспирираат вашата креативност!

Таблетот е одличен уред да ви го замени лаптопот или компјутерот секогаш кога ќе посакате својата работа и извор на забава да ги носите со себе во попрактична форма на полесен, потенок и помал уред. Новата врвна серија Samsung таблети Galaxy Tab S9 FE е одличен избор, кај кои веднаш ќе ги забележите иновациите кои поставуваат нови стандарди за корисничкото искуство со таблети. Без разлика дали станува збор за Galaxy Tab S9 FE, или Galaxy Tab S9 FE+, ве очекува таблет со високи перформанси за непречен и брз мултитаскинг, стриминг и гејминг, кој можете да го имате во сива, ментол зелена, сребрена или лаванда боја и кој совршено ќе се вклопи во вашиот стил. Кај овие таблети го имате и извонредното и редизајнирано пенкало S Pen, магнетски прикачено на задната страна од таблетот, кое ви дава и друг аспект на употребливост – да запишувате како на хартија, да скицирате и да цртате со извонредна прецизност, или пак во поддржаниот програм S Pen Creator Edition да го остварите сиот ваш креативен потенцијал. И сето ова на уред отпорен на вода и прашина, поради што не треба да се грижите ако на пример, инспирацијате ве занесе додека сте надвор и малку ве фати есенски дожд.

А кога сме веќе кај користење на таблетот на отворено, таблетите од серијата Galaxy Tab S9 FE се идеални за тоа, бидејќи вградената Vision Booster ќе ви овозможи јасно гледање на екранот и при сончева светлина благодарение на интелигентниот алгоритам што ги препознава сончевите зраци и соодветно го приспообува екранот. Освен тоа, на екранот од 10,9 инчи на Galaxy Tab S9 FE, или од 12,4 инчи на Galaxy Tab S9 FE+ можете маратонски да гледате содржини, да бинџувате и да уживате без да се грижите за вашите очи, бидејќи овие уреди се направени да емитуваат помалку сина светлина, со што ги штитат вашите очи и овозможуваат пријатно гледање. Секако, се прашувате што е со батеријата ако толку долго се користи таблетот. Не грижете се, неговата долготрајна и бргуполнечка батерија може да го издржи целиот ден, и при тоа може со едноставен УСБ-Ц кабел да му даде малку батерија и на вашиот телефон, ако гледате дека наскоро ќе се исклучи.

Совршено поврзување на Galaxy уредите и гарантирана безбедност на вашите податоци

Поврзаниот екосистем на Galaxy нуди истовремена употреба на повеќе уреди, како и иновативни начини за навигација низ дигиталниот свет, така што корисниците можат лесно да префрлаат содржина помеѓу мобилни телефони, таблети и ТВ монитори. Апликацијата Quick Share го поедноставува споделувањето датотеки без потреба од спарување уреди, така што корисниците можат да ја испраќаат својата омилена содржина помеѓу уредите.

Таблетите од сериите Galaxy Tab A9 и Galaxy TabS FE гарантираат безбедност и сигурност на податоците благодарение на Samsung Knox - наградуваната повеќеслојна безбедносна платформа на Samsung која се грижи за безбедноста на вашите податоцци кои ги внесувате во уредот, и истовремено се грижи за вашата приватност.

Комерцијален текст



Спонзорирани линкови

Маркетинг