Натали Портман ги предупредила децата актери за Холивуд: „Јас имав среќа што излегов од сето тоа неповредена“

Точка

24/11/2023

23:45

8.174

Големина на фонт

а а а

Натали Портман зборуваше за „Variety“ за своето искуство како дете актерка и порачала дека децата не треба да глумат во филмови.

Таа смета дека среќата ја спасила од опасност кога како дете влегла во филмската индустрија. Таа додава и дека многу ѝ помогнало тоа што нејзините родители биле многу заштитнички настроени.

На прашањето дали би ги поттикнала младите да се занимаваат со актерство и шоубизнис, таа имала остар одговор.


„Не би ги охрабрила младите луѓе да се впуштат во ова. Не мислам никогаш, мислам како деца. Чувствувам дека беше речиси случајност што не бев повредена, исто така во комбинација со претерано заштитничките, прекрасни родители. Не го сакате тоа кога сте дете, но сте благодарни за истото кога ќе пораснете“, изјавила Натали.

„Слушнав премногу лоши приказни за да мислам дека било кое дете треба да биде дел од ова“, додала таа.

Натали била сведок на судбината на една детска ѕвезда

Многу некогашни детски ѕвезди се повлекоа од актерството откако доживеаја голема слава пред да станат полнолетни. Еден од примерите е Џејк Лојд, кој глумеше со Портман во „Star Wars: The Phantom Menace“. Тој сега има 34 години и повеќе не се занимава со актерство. По објавувањето на тој филм, Лојд опишал дека неговиот живот бил „вистински пекол“ бидејќи давал по 60 интервјуа дневно.


Бил мета на малтретирање на училиште бидејќи децата, како што рекол, биле злобни кон него. Ова сериозно влијаело на менталното здравје на Лојд. Тој неколку пати бил апсен, сместен во психијатриска институција и му била дијагностицирана шизофренија. Бидејќи Портман била сведок на сето тоа, разбирливо е зошто таа мисли дека децата не треба да глумат во филмови.