Во 69. години, колку што ги слави денес Емир Кустурица, неброени се талентите и интересните настани на познатиот режисер.
Роден во Сараево во 1954 година, од татко Мурат Кустурица, кој работел како новинар и мајка Сенка, секретарка во судот.
Бил нивно единствено дете и како секој единец помалку размазен, неретко знаел да прави разни пакости. Имал само 17 години кога ја добил првата улога во филмот „Валтер го брани Сараево“ и тоа бил моментот кога Емир знаел со што ќе се занимава во својот живот.
Основно и средно образование завршил во Сараево, а потоа се запишал на факултет во Прага.
Оженет е со Маја Мандиќ Кустурица со која има две деца: синот Стрибор и ќерката Дуња. Двете деца се занимаваат со уметност и блиско соработуваат со својот талентиран татко.
Она што е многу интересно за луѓето е дека во 2015 година Емир се крстел во православниот манастир Савин, недалеку од Херцег Нови.
Тогаш го зел името Немања, а многу Босанци овој потег го означиле како предавнички, бидејќи Емир јавно се декларирал како Србин.
Емир тоа вака го објаснил:
„Моето семејство делумно беше преобратено во ислам, но сепак го практикуваше православието. Никој во моето семејство не исповедаше ислам. Јас не сум преобратен, јас сум само крстен. Моите предвидувања се дека ние христијаните сме на работ на истребување. Кога се крстев, христијанството не беше во добра позиција, но бидејќи верувам во културата, верувам и во Бог. Верувам дека тој се јавува низ културата.“
Проучувајќи разни книги, тој дошол до сознанијата дека неговите предци биле муслимани 250 години, а претходно биле православни христијани кои морале да го прифатат исламот како би преживеале. Во тоа време Турците владееле со овие простори и тоа не било прашање на избор, туку веројатно биле принудени.
Емир своевремено изјавил дека се крстил бидејќи му било важно луѓето да знаат кој бил кога ќе почине еден ден.
Кустурица денес живее во Дрвенград, место кое самиот го изградил и кое стана познато во светот. Во една прилика изјавил дека одлучил да живее таму каде што „луѓето не бираат по избор, туку затоа што им се допаѓа“, и дека Дрвенград е модерна верзија на манастирскиот живот и неговата фондација.