Тајла Ен, тиктокерка од Јужноафриканската Република, се преселила во Хрватска заедно со нејзиното момче, а на „ТикТок“ ги споделила своите впечатоци од новото опкружување.
Тајла и нејзиното момче, ја пропатувале цела Хрватска и моментално се во Задар, каде сакаат да останат засекогаш.
„Малку е комплицирано да се објасни каде живееме. Прво живеевме во Вараждин, каде што почнавме да ја реновираме куќата во која планираме да живееме. Додека чекавме да завршат работите, ја истражувавме цела Хрватска бидејќи сè уште не знаевме каде сакаме да останеме засекогаш.
Бевме во Задар, Сплит, Загреб … Во Задар сме веќе два месеци и ова е нашето омилено место. Всушност, сакаме да живееме тука засекогаш“, вели Тајла. Парот, по нејзините зборови, наскоро се селат во Вараждин, каде ќе останат неколку месеци. Потоа планираат да се вратат во Задар.
„Многу ни се допаѓа Задар бидејќи нè потсетува на Кејптаун во Јужноафриканската Република“, додала таа.
Таткото на нејзиното момче е Хрват
Многумина на „ТикТок“ ја прашуваат Тајла зошто одлучиле да се преселат токму во Хрватска.
„Првата причина е што моето момче има хрватско државјанство, неговиот татко е всушност Хрват кој се преселил во Јужна Африка кога бил помлад, а потоа се вратил во Хрватска за време на Ковид. Втората причина е што бевме овде минатата година на одмор и потполно се вљубивме. Веднаш штом се вративме во ЈАР, почнавме да размислуваме за преселба“, зборувала таа.
„Ја сакаме храната и луѓето … Хрватска е прекрасна земја, има толку многу убави работи поврзани со неа, па зошто да не хрватска“, објаснила Тајла.
Воодушевена била од нејзината безбедност во Хрватска
Тајла учи хрватски, но вели дека ѝ е многу тешко. „За жал, сè уште не зборувам хрватски, но одам на часови двапати неделно, ја знам основата и можам да изговорам едноставни реченици и малку да разберам. Хрватскиот е толку тежок јазик“, се пожалила.
Безбедноста, вели таа, е една од главните причини поради која сакаат да останат. „Навистина ми се допаѓа овде, ги сакам луѓето, културата, храната и што е најважно ја сакам безбедноста. Сè уште не можам да верувам дека можам да одам сама ноќе по улиците, за разлика од Јужна Африка, каде што не го оставаш ниту автомобилот надвор во текот на ноќта.
ЈАР и Хрватска се две сосема различни земји“, заклучила таа.