„Откритие кое му се заканува на човештвото“: Еден ден пред отказот на „господарот на вештачката интелигенција“ било испратено писмо со предупредување

Точка

23/11/2023

15:07

11.230

Големина на фонт

а а а

Еден ден пред Сем Алтман, коосновачот и извршен директор на „OpenAI“ да биде отпуштен од компанијата, предводникот во сегментот на вештачката интелигенција дошол до револуционерно откритие кое би можело да го „загрози човештвото“.

Сега дознаваме дека „OpenAI“ направил пробив во доменот на вештачката интелигенција со воведување на Q* (се чита Q-star), а токму тоа наводно стои зад кулисот на отпуштањето на Сем Алтман, коосновачот и извршен директор на „OpenAI“.


Интерно во компанијата „OpenAI“ се верува дека Q* претставува продор во доменот на вештачката интелигенција (AGI). AGI претставува една од точките кон кои тежнеат научниците и истражувачите, а особено компаниите за развој на вештачката интелигенција, како што е „OpenAI“.

Според наводите, AGI системите се попаметни од луѓето, тоа повеќе не е само четбот туку нешто целосно друго.

Една од работите кои се интересни во овој случај е тоа што еден ден пред Алтман да биде отпуштен од компанијата, повеќе истражувачи од управниот одбор испратиле писмо во кое предупредиле на откритие за моќната вештачка интелигенција – AGI и тој нов Q* кои би можеле да го „загрозат човештвото“, наведува „Reuters“.

Изворите објасниле дека токму споменатото, непријавеното писмо и Q* биле катализаторите кои довеле до тоа одборот од компанијата да го отпушти Алтман којшто често во круговите бил нарекуван и „господар на вештачката интелигенција“.

Сето ова подоцна довело и до тоа во приказната да се вмеша „Microsoft“ којшто наводно на Алтман му понудил позиција во рамките на компанијата на тимот за развој на вештачка интелигенција. Потоа повеќе од 700 вработени во „OpenAI“ се побуниле и побарале да се врати Алтман.

Ситуацијата „преку ноќ“ се сменила, па Алтман се вратил на чело на „OpenAI“.


Сега останува да видиме во кој правец ќе се развива ситуацијата со Q*, со оглед на тоа што „Reuters“ и другите медиуми не можеле да ја потврдат точноста на наводите за способностите кои ги има Q* и кои ги опишале изворите. Некои исто така тврдат дека сето ова не е вистинито.