Решена мистеријата на Месечината која со години ги мачеше научниците: „Сѐ направил тајниот товар, еве за што станува збор...“

Точка

23/11/2023

13:46

20.063

Големина на фонт

а а а

Експертите сметаа дека конечно го идентификувале објектот којшто на 4 март 2022 удрил во Месечината и зад себе оставил два, а не еден кратер.

Тимот инженери од Универзитетот во Аризона наведува дека станувало збор за телото од ракетата „Long March 3C“ која ја лансираше кинеската мисија „Chang’e 5-T1“, пренесува српски „Курир“.

Двојниот кратер најверојатно настанал, како што сметаат научниците, поради дополнителен товар на ракетата кој не се нашол на службениот попис на Кинеската национална вселенска агенција (CNSA), пишува „Science alert“.


Ќе биде тешко да се одреди за каков точно товар станува збор без детален преглед, што е помалку незгодно со оглед на тоа што кратерите се наоѓаат на „спротивната страна од Месечината“ која никогаш не може директно да се види од Земјата.

„Ова е првпат да видиме двоен кратер. За да добиете два кратери со приближно иста големина, потребни ви се два објекти со приближно еднаква маса“, изјавил воздушниот инженер Танер Кембел.

Астрономите го следеле објектот наречен „WE0913A“ од неговото откритие во март 2015 година до конечниот пад на Месечевата површина минатата година.

На почетокот се претпоставувало дека станува збор за дел од леталото на компанијата „SpaceX“, но подоцна се докажало дека мистериозниот објект припаѓа на кинеската мисија од 2014 година. Научниците во новото истражување го анализирале патувањето на неидентификуваниот објект и промените во неговото рефлектирано светло непосредно пред ударот за да откријат за што точно станува збор.

Податоците укажале на дополнителна маса, односно товар, која делувала како противтежа на моторите на едната страна од ракетата, што го објаснува двојниот кратер. „CSNA“ не го објаснила наравот на дополнителниот товар. Напротив, дури и негирала дека станува збор за нивната ракета.


„Не знаеме за што би можело да станува збор. Можеби тоа била некаква дополнителна потпорна структура, дополнителен инструмент или нешто трето. Веројатно никогаш нема да дознаеме“, вели Кембел.

Нема ништо необично во тоа вселенско летало да отфрли ракета во текот на мисијата, ниту во тоа да удри во Месечината. Но, оваа ситуација е уште еден потсетник дека вселенското ѓубре станува сѐ поголем проблем.