[ВИДЕО] Панчо им одговори на „хејтерите“: „Студенти, чисти души... Ми се смееја зошто сум прифатил да пуштам музика во студентски дом“

Точка

23/11/2023

10:43

9.920

Големина на фонт

а а а

Владимир Блажев – Панчо од познатото дуо ДНК, познат и како диџеј Шорти, вчеравечер пуштал музика за студентите во студентскиот дом Пелагонија во Скопје.

Панчо во својот статус којшто го објави на социјалната мрежа Фејсбук објасни дека на некој начин бил „испровоциран“ да објави видео од синоќешната забава на која си поминал неверојатно пoради тоа што некои луѓе му велеле дека треба да му е „под чест“ да пушта музика во студентски дом, со оглед на тоа што е познат на македонската јавна сцена.

Панчо во својот статус го пофалил и момчето кое го ангажирало поради тоа што за разлика од некои „големи газди“, тој воопшто не се ценкал околу хонорарот.

Ми се смееја зошто сум прифатил да пуштам во студентски дом….. Тоа требало да ми биде испод чест со оглед на мојата репутација. Ја само им се насмеав и им кажав дека ќе им испратам видео од самото место.


Обожавам вакви места, ја сум дете на народот и никогаш не сум се гледал повеќе од останатите луѓе. За мене сите сме исти. И да бидам искрен, сите кој беа присутни беа дојдени за да се забавуваат и ширеа само љубов и позитивна енергија. Студенти бре, чисти души 🫠


Местото е мало но има поубава енергија од најубавите и најскапите локали низ Македонија 🇲🇰, а најбитно од се, и покрај малата квадратура, евтината карта и пијачка, дечкото што ме покани (Благојче) не се ценкаше за хонорарот за разлика од некои “големи газди” ☺️

Студентски “ПЕЛАГОНИЈА” 

ве ОБОЖАВАМ!!! 🤗❤️

Posted by Vladimir Blazev on Wednesday, November 22, 2023


Во продолжение ви го пренесуваме целиот статус на Панчо:

„Ми се смееја зошто сум прифатил да пуштам музика во студентски дом… Тоа требало да ми биде под чест со оглед на мојата репутација.

Јас само им се насмеав и им кажав дека ќе им испратам видео од самото место.

Обожавам вакви места, јас сум дете на народот и никогаш не сум се гледал повеќе од останатите луѓе. За мене сите сме исти.


И да бидам искрен, сите кои беа присутни, беа дојдени за да се забавуваат и ширеа само љубов и позитивна енергија. Студенти, чисти души.

Местото е мало, но има поубава енергија од најубавите и најскапи локали низ Македонија, а најбитно од сè, и покрај малата квадратура, евтината карта и пијачка, дечкото што ме покани (Благојче), не се ценкаше за хонорарот за разлика од некои ‘големи газди’.

Студентски Пелагонија, ве обожавам“.