[ФОТО] „Google Maps“ направил измена која не им се допаѓа на корисниците

Точка

21/11/2023

22:13

7.824

Големина на фонт

а а а

Најголем дел од корисниците на „Google Maps“ се против измените кои се имплементирани и сакаат враќање на претходната состојба.

„Google Maps“ сега на поголем број корисници им ја прикажува новата палета на бои и корисниците се прилично вознемирени. Иако не станува збор за драстични промени, новите бои на „Google Maps“ ги изненадиле корисниците и им создаваат непријатно чувство.

На „Reddit“ и платформата „X“ има се повеќе објави кои се против новите избори на боја на компанијата „Google“.

Патиштата, кои некогаш биле одредени со бела боја, сега се сиви. Сината боја која ги означувала деловите со вода, сега е значајно бледа, додека областите со шума се потемно зелени од порано. Индикаторот на рутата сега е многу посветол и несоодветно син.

„Не сум обожавател. Не ми се допаѓа ни кога ги видов пред околу една недела. Не ми се лесно читливи. Би се вратил на старите бои кога би можел“, вели еден од корисниците на „Reddit“.

Корисниците сметаат дека патиштата сега потешко се гледаат на „Google Maps“, ако не зумирате доволно.

Една од најголемите забелешки е дека новите бои прават деталите тешко да се гледаат на мапата.

Не е познато зошто „Google“ одлучил да ги промени боите за „Maps“, но можеби коментарите на незадоволните корисници ќе ја натераат компанијата да се врати на претходните бои.