[ВИДЕО] Се спротивставувале на идејата со години, но на крајот „потклекнаа“: „Tesla“ ја објави првата реклама

Точка

21/11/2023

21:02

5.518

Големина на фонт

а а а

Компанијата на Илон Маск, „Tesla“, со години одбиваше да ги рекламира своите автомобили. Сега, меѓутоа, се предомислиле.

Како што забележале неколку корисници на социјалните мрежи, првото спонзорирано видео на кое се рекламира „Tesla“ се појавило прво на „X“, а потоа и како реклама на „Youtube“.

Во оваа реклама, „Tesla“ се фокусира на промовирање на квалитетот на своите материјали, но и на промовирањето на своите технолошки достигнувања.

„Ние сме единствен произведувач на автомобили на светот кој има повеќе од милион автомобили, а да се целосно програмирани. Со помош на систем за детекција знаеме точно каде е кој автомобил, и кога се активирал некој „аирбаг“, и тоа во милисекунда. Имаме повеќе податоци од било кога, и на основа на тоа ги дизајнираме своите возила“, порачува „Tesla“ во рекламата.

Покрај ова, од „Tesla“ ги повикале сите заинтересирани потенцијални купувачи на тест возење на нивните модели во траење од половина час, за подобро да се запознаат со што го пружаат „Model 3“, „Model S“ и „Model X“.