Новиот пар на нашата естрада, Роберт Билбилов и прекрасната Лејла Рамковска, откако се заедно постојано споделуваат детали од својата врска – и можеме да забележиме дека тие навистина уживаат заедно.
Овојпат, тие споделија како се забавуваат во сончевата Ница, каде што музичарот одлучил да го спои професионалното со приватното.
Имено, на 26.11 ќе се одржува Јуниорски Евросонг, а Роберт е еден од авторите на македонската песната. Тој, заедно со Дарко Димитров и Коста Петров, е автор на македонската песна „Кажи ми, кажи кој“.
Заедно со него е и неговата сакана, а на нивните „Инстаграм профили можеме да забележиме дел од нивното патување во центарот на Азурниот брег.
Тие возат велосипеди, уживаат во коктели, во прошетките низ градот – а дефинитивно не ја кријат својата љубов.
Насмевките на нивните лица го потврдуваат тоа.
Инаку, ова не е првпат Билбилов со своја песна да биде дел од Евровизија.
Тој беше еден од авторите на песната Proud на Тамара Тодевска, а го правеше и аранжманот за Autumn Leaves, со која Даниел Кајмакоски ја претставуваше Македонија на Евровизија во Виена.
На Јуниорскиот Евросонг оваа година ќе нè претставува Тамара Грујевска, која беше избрана како македонски претставник на аудиција.