Познавањето на сопствениот репродуктивен систем и грижата за него се важни за здравјето на многу начини. Затоа треба да знаеме како тој функционира и што е добро за него, а што не.
Составен дел од таа грижа е следењето на менструалниот циклус бидејќи тоа ни кажува за важноста од промената на ритамот во нашиот живот.
Како се чувствуваме за време на менструацијата ни кажува и за тоа како се однесуваме кон сопственото тело. Затоа, важно е да ги слушате пораките и промените навиките. Здравјето на жените најчесто е нарушено поради хормонален дисбаланс, кој може да предизвика неплодност, проблеми со менопаузата, менструални проблеми (болни, преобилни, нередовни), ПМС, полицистични јајници, ендометриоза или фиброидни тумори.

Повеќето од овие проблеми се предизвикани од премногу естроген во телото. Проблем се и ксеноестрогените, т.е. страните естрогени кои влегуваат во телото преку намирници од пластична амбалажа и пестициди. Подеднакво исто, треба да се намали внесот на заситените масти од месото, млекото и млечните производи бидејќи тие апсорбираат и задржуваат естроген, а да консумираме повеќе органски одгледана храна.
Улогата на 5 моќни хормони
Естроген
Извор: јајници, надбубрежни жлезди, масни клетки;
Улога: хормон за регенерација кој не прави помлади, го подигнува расположението и ги штити срцето и коските, го стимулира растот на клетките;
Премногу: Непријатни симптоми на ПМС, вишокот естроген се поврзува со појава на карцином;
Недоволно: забрзано стареење непријатни симптоми на менопауза, вклучително валунги и сувост на вагината.

Прогестерон
Извор: јајници;
Улога: ги балансира другите главни хормони, го регулира растот на клетките и го стимулира метаболизмот, смирува;
Премногу: замор и депресија;
Недоволно: Знаци на менопауза.
Тестостерон
Извор: јајници и надбубрежни жлезди;
Улога: се смета за машки хормон (жените имаат 15% тестостерон во споредба со мажите, поттикнува размислување, позитивност и сексуална желба;
Премногу: чувство дека сме на работ, машки карактеристики;
Недоволно: слаба сексуална желба, намалена способност за развој на мускулите.

DHEA (дехидроепиандростерон)
Извор: надбубрежни жлезди;
Улога: почнува да се лачи на шестгодишна возраст, а врвот го достигнува во средината на дваесеттите. Мажите имаат повисоко ниво од жените. Лесно се претвора во други хормони, особено тестостерон;
Премногу: Прекумерна влакненост, нерегуларен менструален циклус, акни;
Недоволно: слаба сексуална желба, необјаснето зголемување на телесната тежина, воспаление во телото.

Кортизол
Извор: надбубрежни жлезди;
Улога: хормонот на стрес кој се појавува пред јавен настап, откако сте пропуштиле важно свртување на улицата итн. Мала количина помага да се регулираат протеините, јаглехидратите и мастите;
Премногу: забрзано стареење, го зголемува нивото на други хормони;
Недоволно: замор и слабост, но тоа е реткост, бидејќи повеќето луѓе имаат премногу од овој хормон















