Луѓето со оваа крвна група не треба да пијат кафе и алкохол: Нивната консумација може да биде причинител за сериозни болести

Точка

31/03/2026

16:55

1.744

Големина на фонт

а а а

Оваа крвна група спаѓа во најстарите групи. Карактеристично е дека луѓето со оваа крвна група имаат прекумерно активен имунолошки систем, издржливи органи за варење и многу желудочна киселина. Тоа им помага ефикасно да искористат поголем дел од хранливите состојки од месото, на кое и треба да се базира нивната исхрана.

Сигурно сте слушнале за исхраната според крвни групи, која е популарна уште од 1996 година. Таа е „скроена“ за да одговара на внатрешното функционирање на организмот, а ја осмислил докторот натуропат, д-р Питер Д’Адамо, кој верува дека исхраната според одреден тип на крвна група може да го подобри здравјето.


Луѓето со нулта крвна група се посклони кон некои болести како што се чир, дисфункција на тироидната жлезда, ниско ниво на хормони на тироидната жлезда и недостаток на јод. Овие дисфункции можат да предизвикаат несакани последици како што се прекумерна телесна тежина и задржување на вода.

Во Јапонија крвната група е важна и во овој случај

Интересно е што на разговор за работа во Јапонија, потенцијалните вработени често ги прашуваат која им е крвната група. Луѓето со крвна група 0 се опишуваат како одговорни, посветени, организирани, совесни и практични личности.

Кога се под стрес можат да се налутат, да станат хиперактивни и импулсивни. Лошата исхрана, недостатокот на вежбање и нездравите навики, како и склоноста кон стрес, ги прават поподложни на штетни метаболички процеси, како што се инсулинска резистенција, забавена активност на тироидната жлезда и дебелина.


Исто така, лицата со оваа крвна група имаат повисоко ниво на желудочна киселина од другите крвни групи, поради што често имаат чувствителен желудник, а се посклони и кон појава на чир на желудник.

Треба да избегнуваат кофеин и алкохол, а кофеинот може да биде особено штетен бидејќи го зголемува нивото на адреналин, кој и онака е веќе висок кај луѓето со оваа крвна група, се наведува во Американското списание за клиничка исхрана.