[ФОТО] Внуката на Доналд Трамп воодушеви со стајлингот на Мајами Опен - но, за една работа ѝ замеруваат сите

Точка

02/04/2026

08:15

1.277

Големина на фонт

а а а

Внуката на Доналд Трамп, Каи Медисон Трамп, предизвика мешани реакции во јавноста откако на турнирот во Мајами ја поддржа Арина Сабаленко наместо Коко Гоф.

Најстарата внука на Доналд Трамп, Каи Медисон Трамп, се појави со својот брат Спенсер на финалето во женска конкуренција на Мајами Опен 2026 година и веднаш го привлече вниманието на публиката. Натпреварот меѓу Арина Сабаленка и Коко Гоф го следеа од трибините на стадионот Хард Рок во Мајами Гарденс, а деветнаесетгодишната Каи, која во последните месеци сè почесто ги полнеше медиумските рубрики, привлече најголемо внимание.


Бели панталони, спортски топ и „Луј Витон“

За сончевото попладне во Флорида, таа избрала лежерна, но стилска спортска комбинација. Носела светло син спортски топ, кратки бели панталони, патики „Најк“ и чанта „Луј Витон“. Косата ја пуштила, а шминката ѝ била многу суптилна. Подоцна, била снимена во пријателски разговор со Арина Сабаленко, што дополнително го поттикна интересот на јавноста.


Ја нападнале затоа што ја поддржува Сабаленко

Но, токму тој момент набрзо предизвика бран негативни реакции на социјалните мрежи. Откако сподели фотографија со Сабаленко и јавно ја поддржа пред финалето, многумина ја критикуваа што не застанала покрај Коко Гоф, американската тенисерка и локален фаворит.


Дел од следбениците сметаат дека е невообичаено што Каи, како Американка и член на едно од најпознатите американски политички семејства, не ја поддржа локалната претставничка.

Во коментарите ѝ рекоа дека треба да навива за американската тенисерка во финалето, а некои го нарекоа нејзиниот потег срамен. Сепак, имаше и такви кои застанаа во нејзина одбрана, истакнувајќи дека е сосема нормално да се навива за спортистка која сакаш да ја гледаш, без оглед на националноста.