Кои се симптомите на воспалена бешика? Ако ве мачи некој од овие проблеми - постои шанса да имате циститис

Точка

03/10/2023

14:41

13.555

Големина на фонт

а а а

Воспалението на мочниот меур, познато и како циститис, е карактеристично за постудениот период од годината.

Тоа е главно предизвикано од бактеријата Ешерихија коли, како и други ентеробактерии. Најчесто до ова заболување доаѓа при намален имунитет, а може да се пренесе и преку допир со површини заразени со бактериите, интимни односи, претходно разболување или земање на некои лекови, како и користење на одредени производи за нега на тело.


Најчесто воспалението се јавува поради инфекција на уринарниот тракт, а тоа се случува кога бактеријата ќе стигне до мочниот меур и ќе почне да се размножува.

Воспалението на мочниот меур обично се појавува ненадејно, а во одредени ситуации може да стане и хроничен проблем.

Повторно, бројни студии утврдиле дека воспалението често е резултат на диуреза, односно количина на урина која се задржавала во мочниот меур и при изложеност на студ предизвокува цистит.


Лечењето на ова воспаление е по пат на примање на антибиотска терапија, многу течности меѓу кои и чаеви за прочистување на мокрачните патишта. Мирување и затоплување на пределот на стомакот каде се наоѓа мочниот меур значително можат да го олеснат и забрзаат процесот на закрепнување.

Кои се симптомите на цистит?

- Честа потреба за мокрење

- Потребата за мокрење и по празнење на мочниот меур

- Појава на заматена урина

- Зголемен мирис на урина

- Крв во урина

- Болка за време на интимните односи

- Чувство на притисок во мочниот меур

- Чувство на полн мочен меур

- Грчеви во стомакот

- Грчеви на грбот

- Непријатност во долниот дел на стомакот за време на мокрењето

- Температура - во случај на посилни воспалителни состојби

- Треперење

- Повраќање