[ФОТО] Памела Андерсон во црн фустан повторно издоминира на црвениот тепих: Актерката доби специјално признание

Точка

06/09/2025

16:30

1.189

Големина на фонт

а а а

На отворањето на 51 „Deauville American Films Festival“ во Франција, актерката Памела Андерсон ја примила престижната награда „Talent of Deauville“ за свој придонес во филмската индустрија.

Оваа награда која се доделува на уметниците чија работа оставила значајна трага во светот на филмот, уште еднаш го потврдила статусот на Памела за икона на поп културата и нејзината долгогодишна кариера во Холивуд.


На церемонијата присуствувале бројни познати личности кои дошле да ѝ честитаат на актерката за своето достигнување. Овој фестивал веќе со децении важи за еден од најважните европски настани посветен на американскиот филм.

Љубовната сага на Памела Андрсон и Лијам Нисон

Кога веќе се појавиле гласините за врската на Памела Андерсон и Лијам Нисон, светот бил толку разнежнет и маѓепсан што почнало да се доведува во прашање што значат нивните насмевки, погледи и прегратки.


Експертите за говор на тело спомнале дека иако се почитуваат, тие не делуваат како да се заедно, а сега извори блиски до актерката тоа на некој начин го потврдиле. Наводната љубов меѓу ѕвездите од римејкот на филмот „Гол Пиштол“ може реално да биде маркетинг трик.


Како што пишува „TMZ“ зад планот Памела и Лијам да нѐ убедат дека се вљубени стои „Paramount“ и портпаролот на популарната актерка и не само што тие не се во врска туку не се виделе повеќе од една година.


„Ни беше кажано дека Памела и Лијам не се виделе еден со друг од моментот кога камерите се исклучиле во јуни 2024 година до почеток на промотивната турнеја една година подоцна“, пишува таблоидот.