„Да повредам жена е како да ја удирам својата мајка со нога во стомак“: Жерар Депардје објави отворено писмо во кое ги негира обвинувањата за силување

Точка

02/10/2023

21:32

2.672

Големина на фонт

а а а

Францускиот актер Жерар Депардје денеска упатил отворено писмо до францускиот весник „Le Figaro“ во кое нагласува дека не е силувач и предатор, со тоа одговарајќи на обвиненијата дека сексуално злоставувал повеќе жени.

Жерар нагласил дека непријателите го изложиле на медиумски линч. Најмалку 13 жени го пријавиле Французинот за сексуално насилство откако актерката Шарлот Арно го обвини за силување.

Истражувачката новинарска страница „Mediapart“ со седиште во Париз објави досие со наводи против него, обвинувајќи го дека „редовно лови жртви“ во текот на снимањата, вклучувајќи го и снимањето на „Marseille“, крими-драма на „Netflix“.

Актерот остро ги отфрла сите тврдења, вклучувајќи го и она дека ја силувал Арно во својата вила во Париз.


„Никогаш, никогаш не сум злоставувал жена. Да повредам жена за мене би било како да ја удирам својата мајка со нога во стомак“, напишал Жерар и напоменал дека одлучил да проговори за целата ситуација бидејќи феминистичките протести редовно го прекинувале неговиот последен настап.

„Сето ова влијае на мене. Уште полошо, ме уништува“, додал Жерар и рекол дека Арно, која ја познава уште од девојче, се согласила да има сексуални односи со него.

„Меѓу нас немаше ниту стеги, ниту насилство, ниту противење“, напишал актерот во писмото каде се наведува дека Арно била лута бидејќи Жерар одбил таа да настапи на сцената со него.

Депардје порачал дека неговото често опивање може да биде шокантно, но дека тој не е ниту силувач ниту предатор.


Шарлот Арно се откажа од своето законско право на анонимност на крајот на 2021 година, во знак на протест поради долгото траење на истрагата, која започна откако Жерар Депардје беше обвинет за силување и сексуален напад. Неколку дена по ваквото обвинување, тој се вратил на снимањето на полициската драма „Maigret“.

Има видео на кое се гледа сексуален чин меѓу него и актерката, сето тоа се случило во август 2018 година и според неа, се работи за силување.

„Покрај тужбата на Шарлот Арно, собравме 13 изјави од жени кои велат дека биле изложени на сексуално непримерни гестови или понуди од познатиот актер“, се наведува во соопштението на „Mediapart“, пишува „Daily Mail“.