(Видео) Овие песни биле понудени на Здравко Чолиќ, но тој ги одбил и тие станале безвременски хитови отпеани од други изведувачи: Ќе се изненадите за кои станува збор!

Точка

02/10/2023

18:06

6.327

Големина на фонт

а а а

Чолиќ е една од најголемите музички ѕвезди на Балканот, а признал дека од различни причини одбил многу песни во текот на кариерата, па истите станале хитови откако ги отпеале други изведувачи“, пренел српски „Курир“.

„Кога се работи на нов албум, обично за него пристигнуваат повеќе песни отколку што ќе бидат објавени. Имаше неколку песни во мојата кариера што не ги снимив. На пример, Ѓорѓе Новаковиќ ми ја понуди песната „Зора је“. Тоа беше вистински хит, можеби ние поинаку ќе ја направевме“, зборувал Чола.

Исто така, тој открил и дека една од песните кои му биле понудени е хитот „Кад ходаш“ во изведба на „Рибља Чорба“, а напишан од Момчило Бајагиќ Бајага.

„Бајага ми ја понуди „Кад ходаш“, тоа е исто хит кој го пропуштив. Зошто некои песни ги пропуштив? Едноставно затоа што многу композитори сакаа да соработуваат со мене, бидејќи јас почнав со многу добра продажба на плочи. Тоа беше многу профитабилно и за нив, да имаат некој кој продава плочи, кој е актуелен, да ги пее нивните песни“, објаснил тој.

Навел и дека порано имало десет места на албумот на плочата, па некои песни морале да отпаднат и во тој контекст. „Тоа вредеше во времето на винилот, а подоцна, кога сè стана дигитално, веќе не беше важно. Тогаш беше важно дали нешто е продуцентска грешка. Ја сум близнак, па може и вака и онака“, додал Чолиќ.

Претходно тој открил дека за него бил наменет и хитот „Да се опет теби вратим“, кој на крајот го отпеала Нина Бадриќ.